Масовните медиуми влијаат врз начинот на кој се гледаат и се дебатираат фактите во општеството. Независноста и плурализмот во медиумите, јавното мислење и ставовите - вклучително и критиката на луѓето од власта - се заштитни мерки за здрава демократија. Следењето и обезбедувањето сопственички плурализам е првиот чекор кон независноста и слободата на избор.
Како луѓето можат да ја проценат веродостојноста на информациите ако не се запознаени кој ги објавува? Како можат новинарите да работат правилно ако не знаат кој ја контролира компанијата во која работат? И како можат медиумските власти да се справат со прекумерната медиумска концентрација, ако не знаат кој стои зад медиумите?
Структурата на сопственост може да влијае и врз начинот на кој медиумската индустрија управува со своите ресурси. Тоа ја обликува економската сила и ефикасноста на медиумскиот сектор, што е од особен интерес за потенцијалните инвеститори.
Базта на MOM треба да одговори на прашањето „кој на крајот ја контролира медиумската содржина“ со цел да се подигне јавната свест и да се создаде база заснована на факти.