Алмакос

Порталот на албански јазик „Алмакос“ почна да работи во 2011 година. Во почетокот „Алмакос“ беше во сопственост на невладината организација „Онлимит медиа“, која сè уште е активна и на која овластено лице е новинарот Семи Мемети.

Издавач на „Алмакос“ сега е Друштво за маркетинг, продукција и онлајн медиуми „Зоом ин“ од Скопје, чиј сопственик и овластено лице е токму Мемети.

„Онлимит медиа“ стои и зад порталот на македонски јазик Зум.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватен

Географска покриеност

Меѓународна

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

Зоом ин

Сопствеништво

Сопственичка структура

Порталот на албански јазик „Алмакос“ е во сопственост на Друштвото за маркетинг, продукција и онлине медиуми „Зоом ин“ од Скопје, чиј сопственик и овластено лице е новинарот Семи Мемети.

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

2011

Поврзани интереси на основачот

Семи Мемети

Тој е новинар со долгогодишно искуство во медиумите. Покрај „Алмакос“ тој го поседува и информативниот портал „Зум“ што објавува содржини на македонски јазик. Бил активен во Здружението на новинарите, а член е на Управниот одбор и на саморегулаторното тело за медиуми Совет за етика. Семи Мемети е син на познатиот новинар и публицист Ким Мехмети.

Поврзани интереси на извршниот директор

Семи Мемети

Видете погоре.

Поврзани интереси на главниот уредник

Семи Мемети

Видете погоре.

Поврзани интереси на други важни лица

Ким Мехмети

Долгогодишен новинар и публицист. Бил уредник на дневниот весник „Флака е влазримит“ (Flaka e vëllazërimit), кој излегуваше во периодот додека Северна Македонија беше дел од Југославија.
Ким Мехмети е eден од основачите на неделникот на албански јазик „Лоби“, кој излегуваше меѓу 2001 и 2006 година, додека меѓу 2003 и 2004 година беше заменик-генерален директор на јавниот сервис Македонска радио телевизија.
Во некои медиуми Ким Мехмети беше споменуван како еден од идеолозите на политичкото движење на Албанците Беса кое подоцна се подели на две партии- Алтернатива и Беса.

Контакт

Адреса: Мирослав Крлежа 14 , 1000 Скопје

е-mail.: semi@almakos.com

тел.: + 389 71 322 229

web: almakos.com

Финансиски информации

Приходи

69.113 $ / 4.05 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

25.939 $ / 1.52 мил. МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Удел на пазарот

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 30.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union