Антена 5
Радиото Антена 5 е едно од најстарите приватни радија во земјата и една од најпопуларните радио станици. Станува збор за музичко радио што главно емитува светски популарни хитови и покрива големи забавни настани како доделувањето награди на Ем-Ти-Ви, музичкиот фестивал Егзит и други. Антена 5 е познато и по тоа што неговите екипи интервјуирале повеќе од 1.000 светски музички ѕвезди, а џинглот „Слушате Антена 5 радио“ (на македонски и на англиски јазик) го кажале голем број познати музичари.
Од основањето до денес радиото го раководи истиот тим основачи и тоа ја задржа главно истата програмска шема на музичко радио, со многу кратка информативна програма и со сервисни информации. Радиото Антена 5 не е познато како медиум што имал политички врски или бил вклучен во политичка пропаганда, надвор од регуларното платено политичко рекламирање за време на изборните кампањи.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватен
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
ТРД Радио Антена 5 Петров, Јаневски и Гушев
Сопственичка структура
Радиото Антена 5 е во сопственост на тројца партнери – Зоран Петров, Коста Јаневски и Марјан Гушев, кои имаат еднакви удели во основачкиот влог.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
1993
Поврзани интереси на основачот
сопственици на радиото Антена 5 од неговите почетоци. Во јавноста се познати речиси исклучиво по својата работа со радиото, каде што се менаџери, а Зоран Петров своевремено беше и диџеј. За Петров и за Јаневски нема информации дека се поврзани со други бизниси, а Гушев е сопственик на софтверската компанија Иновејшн и на академијата Иновејшн.
Поврзани интереси на извршниот директор
познат и како Диџеј Дајнамајт, и е директор на радиото Антена 5 од неговото основање. Познат е и како водител на емисијата Чао Антена. Во својата кариера бил член на жирито на Британските музички награди и бил претставник за Македонија во Ем-Ти-Ви Адрија.
Поврзани интереси на главниот уредник
Видете погоре.
Контакт
Финансиски информации
Приходи
492.151 $ / 28.84 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
27.645 $ / 1.62 мил. МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
490.615 $ / 28.75 мил. МКД (99.7%)
Удел на пазарот
2.36%
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 18. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
