Експрес
„Експрес“ е македонски онлајн-медиум основан во 2017 година и е во сопственост на неговата извршна директорка, Катерина Златановска Попова.
Уредувачката политика на порталот е десничарска, што најмногу се огледува преку известувањето за прашањата од домашната политичка сцена, како решавањето на македонско-грчкиот спор за името, бугарската блокада и внатрешните односи меѓу Македонците и Албанците.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватен
Географска покриеност
Меѓународна
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
Експрес медиа груп
Сопственичка структура
„Експрес“ е информативен веб-портал во сопственост на приватната компанија „Експрес медиа груп“. Единствен сопственик на фирмата „Експрес медиа груп“ е Катерина Златановска Попова.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
2017
Поврзани интереси на основачот
Работи како советник за кариерен развој и тренер за меки вештини. Била ангажирана како менаџер за човечки ресурси во неколку македонски компании.
Поврзани интереси на извршниот директор
Видете погоре.
Поврзани интереси на главниот уредник
Целата кариера работел како новинар и уредник. Го завршил Филозофскиот факултет при најголемиот универзитет во Македонија, Кирил и Методиј. Како новинар работел во „Нова Македонија“ меѓу 1985 и 1999 година и во „Утрински весник“ во периодот од 1999 до 2017 година.
Дипломирал на Факултетот за новинарство на државниот универзитет Кирил и Методиј, а во речиси тридецениската кариера работел во весниците „Студентски збор“ и „Дневник“, Македонска информативна агенција (МИА) и најдолго, од 1999 до 2016 во „Утрински весник“.
Поврзани интереси на други важни лица
Редовен колумнист и соработник на „Експрес“. Овој дипломиран новинар кариерата ја почнал во 1991 година во Македонската радио телевизија (МТВ) и таму останал до 1999. Работел во „А1 Телевизија“ и во телевизија „Канал 5“, Македонска информативна агенција (МИА) и моментално е уредник и водител на емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ „Алфа“.
Контакт
Финансиски информации
Приходи
21.672 $ / 1.27 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
-10.418 $ / -610.504 МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Наслови
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 16.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
