Фактор
„Фактор“ стартува како портал за економија, финансии и бизнис во 2012 година. Најавен е како медиум, кој треба да ја пополни празнината во медиумскиот простор со информации од овие области.
Продуцира вести, анализи и интервјуа и е еден од малкуте портали што редовно ги следи промените на македонската берза и објавува податоци и за осигурителниот бизнис и банкарството.
Со текот на годините се профилира во портал, кој објавува дневни информации од политиката, судството и од образованието. Колумни пишуваат академски професори и аналитичари.
Тој е стожерот е медиумската групација составена од вкупно четири портали. Покрај Фактор, кое е најследениот од нив, фирмата „Фактор портал“ е издавач и на порталите „Женски магазин“, „Машки магазин“ и „Хаштаг“.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватен
Географска покриеност
Меѓународна
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
Фактор портал
Сопственичка структура
Порталот „Фактор“ е во стопроцентна сопственост на бизнисменот Александар Манев. Во 2020 година, од неговата сопственичка структура излегува неговиот ко-основач, Крсте Шајноски, откако е избран за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Фирмата издавач на Фактор, има уште три веб портали „Женски магазин“, „Машки магазин“ и „Хаштаг“.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
2012
Поврзани интереси на основачот
Тој е македонски бизнисмен. Бил директор на инвестициски фонд, претседател на групација на друштва за управување со инвестициски фондови, а од пред три години е генерален директор на осигурителната компанија „Кроација осигурување“. Членува во деловно-неактивната граѓанска организација „Иновациска лабораторија“, основана за стимулирање на иновациите, како и во Собранието на Стопанската комора.
Универзитетски професор на Штипскиот универзитет, а како новинар претходно работел во повеќе медиуми. Бил предавач и на Високата школа за односи со јавност, како и консултант на осигурителни друштва. На предлог на Владата, во 2019 година е избран за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, поради што една година подоцна, во октомври 2020, Шајноски излезе од сопствеништвото на медиумот, а стопроцентен сопственик на порталот стана Манев.
Во бизнисот со медиуми фигурираат и нивните сопруги, Светлана Шајноска и Катерина Јордановска-Манева, како сопственички на фирмата „Фактор медиа груп“ формирана во 2019 година, која се наоѓа на иста адреса фирмата издавач на порталот Фактор.
Поврзани интереси на извршниот директор
Менаџерка за корпоративни комуникации и маркетинг во осигурителната компанија „Кроација осигурување“. Директорка на „Фактор медиа груп“. Сопруга на основачот и сопственик на порталот „Фактор“.
Поврзани интереси на главниот уредник
Долгогодишна новинарка и уредничка која следи теми од економијата. Работела во повеќе медиуми, меѓу другото и како главен и одговорен уредник на сега веќе згаснатиот „Утрински весник“, и како новинарка во националната телевизија „Телма“.
Контакт
Адреса: Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 49/2-2, 1000 Скопје
е-mail.: contact@faktor.mk
тел.: +389 70241124
web: faktor.mk
Финансиски информации
Приходи
354.096 $ / 20.75 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
64.676 $ / 3.79 мил. МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
