Фокус

Фокус е најстариот активен неделник во Македонија, кој објавува новинарски текстови со политички и со општествени теми. Првиот број на неделникот излезе на 23 јуни 1995 година, а негов основач е новинарот Никола Младенов. Во периодот од 2011 до 2013, Никола Младенов, покрај неделникот, отвори и дневен весник наречен Дневен Фокус.

На 26 март 2013, доцна вечерта, Младенов загина во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје. Неделникот и дневниот весник престанаа да излегуваат, а се затвори и фирмата што ги издаваше. Фокус како неделник се врати во печат во јуни 2013, а како издавач се јавува нова фирма - Медиа Плус Фокус.

Фокус од 2018 година добива државни субвенции, кои покриваат половина од трошоците за печатење и за дистрибуција на весникот. За периодот 2018-2022 добил околу 297 илјади евра.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватна

Географска покриеност

Национална

Вид на содржина

Платена содржина

Медиумски компании/Групи

МЕДИА ПЛУС ФОКУС

Сопствеништво

Сопственичка структура

Фокус е во сопственост на компанијата Медиа плус Фокус, која, пак, е во целосна сопственост на Билјана Трошановска.

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

1995

Поврзани интереси на основачот

Никола Младенов

го отвори Фокус како еден од првите приватни медиуми во независна Македонија преку кои се промовираше плурализмот како нова општествена вредност. Во периодот од 2011 до 2013, Никола Младенов, покрај неделникот, отвори и дневен весник наречен Дневен Фокус.
На 26 март 2013, доцна вечерта, тој загина во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје, излетувајќи од автопат со својот автомобил.
Несреќата долго беше контроверзна политичка тема околу која се плетеа приказни проткаени со сомнеж за официјалната причина за смртта, сè додека неговата сопруга во интервју категорично ги одби сите сомневања, тврдејќи дека станува за сообраќајна несреќа.
Во негова чест Македонскиот институт за медиуми ја преименува наградата за најдобра истражувачка сторија во „Никола Младенов“.

Поврзани интереси на извршниот директор

Билјана Трошановска

сестра на основачот на Фокус, Никола Младенов и управител на Фокус.

Поврзани интереси на главниот уредник

Влатко Стојановски

новинар што работел во неколку печатени медиуми. Во Фокус работи од 2011 година, а главен и одговорен уредник стана во 2022 година.

Поврзани интереси на други важни лица

Билјана Младенова

сопруга на починатиот основач на Фокус, Никола. Таа е во медиумот од неговите почетоци. Како претставник од Фокус, Билјана Младенова е основач на Асоцијацијата на печатени медиуми, која e eдна од неколкутемина што ја покренаа и во 2018 ја реализираа иницијативата за државни субвенции на печатените медиуми.

Контакт

Адреса: ул. „Васил Главинов“ бр.14-1/13, Скопје

тел.: +389076346-514

e-mail: fokuspress@yahoo.com

веб-страница: www.fokus.mk

Финансиски информации

Приходи

430.206 $ / 25.21 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

-3.627 $ / -212.532 МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Удел на пазарот

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

Документи

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union