Инфомакс
„Инфомакс“ е дневно-информативен портал кој работи од 2013 година под мотото „Информација без цензура“. Во јавноста е познат како медиум со десничарска уредувачка политика, не само во врска со домашната политичка сцена, туку и со меѓународната.
Тоа се гледа од несразмерно поголемата застапеност на активностите и на ставовите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во однос на владејачката СДСМ, но и од фаворизирањето на ставовите на познатите европски и светски илиберални лидери, како рускиот претседател Владимир Путин, унгарскиот премиер Виктор Орбан, словенечкиот Јанез Јанша, италијанскиот политичар Матео Салвини и други.
На порталот во 2019 година беа објавени документи кои се сведочење од истрага на бизнисменот Орце Камчев во предметот „Рекет“. За таа објава, сопственикот и главен уредник, Александар Митовски, беше обвинет и осуден на условна затворска казна за оддавање службена тајна.
Новинарите на „Инфомакс“ два пати биле во судир со полицијата. Во 2018 година, полицијата го уапси Борислав Стоилковиќ за време на протестот пред парламентот против промената на името на државата. Во 2023 новинарот на „Инфомакс“, Милош Милошевски доби прекршочна пријава од полицијата затоа што додека бил на професионална задача да известува од протестот кој се случува пред бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, излегол од толпата и фрлал јајца врз клубот.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватен
Географска покриеност
Меѓународна
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
ЦИА
Сопственичка структура
Инфомакс е во 100% сопственост на фирмата „ЦИА“ која е во целосна сопственост на Александар Митовски.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
2011
Поврзани интереси на основачот
е дипломиран правник. Кариерата не ја почнува ниту како правник, ниту како новинар, туку со политички ангажман. Во 2011 станува дел од тогашната новоформирана опозициска партија „Обединети за Македонија“, на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Тоа е истата година кога и ја основа фирмата ЦИА ДООЕЛ, која е основач на порталот „Инфомакс“.
Mитовски е главен уредник на порталот Инфомакс и автор на емисиите „Тешки муабети“ кои се емитуваат на Јутјуб каналот на порталот и во нив гостуваат главно политичари од опозицијата.
Тој е гласен критичар на СДСМ и голем поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, ама не и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.
Сопруг е на политичката активистика и колумнистка Наталија Ивчева.
Митовски беше неправосилно условно осуден за оддавање службена тајна, поради објавата на сведочењето на бизнисменот Орце Камчев во истрагата на корупција, наречена „Рекет“.
Поврзани интереси на извршниот директор
Видете погоре.
Поврзани интереси на главниот уредник
Видете погоре.
Поврзани интереси на други важни лица
Дипломиран политиколог, колумнист во порталот „Инфомакс“ и сопруга на Александар Митовски.
Таа има богато политичко портфолио. Во медиумските написи може да се сретнат информации дека сменила неколку партиски дресови. Била член на младинската организација на СДСМ, па член на Демократска Алтернатива, потоа член на ВМРО-ДПМНЕ, па потпретседател на Демократско републиканската унија на Македонија и повторно член на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа станала член на партијата Обединети за Македоонија, од каде жестоко ја напаѓаше тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, за од 2012 повторно да премине во ВМРО-ДПМНЕ на чии конгреси се појавува како партиски делегат.
По локалните избори 2021 година Ивчева, преку нејзината фирма „Трипл диџит продакшн“, е ангажирана во Град Скопје, во кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, како надворешен соработник.
Контакт
Адреса: Ул. „Мајски Манифест“ бр.8 , 1000 Скопје
е-mail.: centarzaistrazuvanjeianaliza@gmail.com
web: infomax.mk
Финансиски информации
Приходи
95.905 $ /5.62 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
36.348 $ / 2.13 мил. МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 01.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
