Канал 77

Радиото Канал 77 почна да зрачи во октомври 1991 година, како локален медиум во Штип, од семејната куќа на сопствениците – семејството Гаврилови, неполн месец по референдумот за осамостојувањето на државата. Во 1995 година, радиото се прошири регионално, а три години подоцна доби дозвола за национално емитување. Тоа е првото национално радио од информативен формат во земјава.

Радиото емитува претежно информативна и забавна програма од две студија во Штип и во Скопје, и е еден од медиумите што има дописничка мрежа од внатрешноста на земјава.

Медиумот во изминатите години воведе мултимедијален пристап, односно можност за видеопренос од емисиите, преку проектот наречен „Радиовизија“.

Според анкетата на Агенцијата за медиуми за 2022 година, Канал 77 е третото најслушано радио во земјата.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватен

Географска покриеност

Национална

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

ТРД Радио Канал 77

Сопствеништво

Сопственичка структура

Радиото Канал 77 е во сопственост на фирмата Друштво за трговија, услуги, маркетинг и информации ГБЦ комуникации ДООЕЛ Штип, која пак е во целосна сопственост на штипскиот бизнисмен Виктор Гаврилов.
„ГБЦ Комуникации“ неколкупати ги менувала дејностите при регистрацијата. Првично била регистрирана за огласување преку медиуми, па ја сменила дејноста во изнајмување и давање под закуп (лизинг) на останати машини, опрема и материјални добра. Моментално е регистрирана под дејноста „ресторани и останати објекти за подготовка и послужување храна“.
Компанијата ГБЦ Комуникации има регистрирано три подружници со различни дејности: рент-а-кар, организирање настани, и хотелска дејност. Сите три подружници се на истата адреса со компанијата-мајка.
Покрај Радиото Канал 77, ГБЦ Комуникации е сопственик и на порталот Македонски Медиа Сервис (ММС). Дел од новинарскиот тим на Радиото, работи на содржини и за оваа веб-страница.

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

1991

Поврзани интереси на основачот

Горан Гаврилов

е основач на радиото Канал 77 и основач и претседател на првата Асоцијација на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ. Во 90-тите беше вклучен во подготовката на законската регулатива поврзана со медиумското работење во земјава. По неговата смрт во 2021, бизнисот со радиото го презеде неговиот син.

Поврзани интереси на извршниот директор

Виктор Гаврилов

е штипски бизнисмен, син на Горан Гаврилов кој по неговата смрт го презеде менаџирањето со радиото. Мменаџер е и на веб-страницата ММС, веб-страницата за интернет-продажба Супер7.мк, како и на просторот за организирање настани и издавање соби „Севен“ кој се наоѓа во зградата во која е сместено радиото. На уредничкото место седнува во октомври 2023 година, по смртта на долгодишната новинарка и уредничка во радиото, Весна Крстева.

Поврзани интереси на главниот уредник

Виктор Гаврилов

Видете погоре

Контакт

Адреса: Ул. Петта Партиска Конференција бр.32, Штип

тел.: +389 32 397707

е-mail: kanal77@kanal77.com.mk

Финансиски информации

Приходи

578.329 $ / 33.89 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

2.664 $ / 156.085 МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

379.864 $/ 22.27 мил. МКД (65.7%)

Удел на пазарот

1.83%

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 18. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

Извори за медиумскиот профил

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union