Коха

„Коха“ е единствениот дневен весник на албански јазик што излегува без прекини. Лирим Дулови и Арбен Раткоцери почнале да го издаваат весникот Коха при крајот на 2006 година, иако фирмата што денес стои зад печатениот медиум, Коха продуцтион е формирана дури две години подоцна. Тоа се должи на фактот што весникот Коxа на почетокот беше дел од медиумската групација поврзана со бизнисменот Велија Рамковски, со која се поврзуваа и телевизиите А1 и А2, и весниците Време и Шпиц.

Соработката меѓу Рамковски и двоецот Дулови и Раткоцери престана во 2010 година, а основачите на „Коха“ објаснуваа дека курцшлусот се случил зашто бизнисменот сакал целосно да го преземе весникот и се мешал во уредувачката политика.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватна

Географска покриеност

Национална

Вид на содржина

Платена содржина

Медиумски компании/Групи

КОХА ПРОДУЦТИОН

Сопствеништво

Сопственичка структура

Коха е печатен медиум во сопственост на Друштво за новинско издавачка дејност, трговија и услуги КОХА ПРОДУЦТИОН ДОО која е во сопственост на новинарите Лирим Дулови и Арбен Раткоцери

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

2006

Поврзани интереси на основачот

Лирим Дулови и Арбен Раткоцери

Дулови одреден период работеше и како новинар и уредник во А2 и во А1 телевизија. Подоцна сведочеше против сопственикот на овие телевизии, Велија Рамковски во судскиот случај „Пајажина“, признавајќи дека новинарите во тие медиуми, дел од платата ја добивале на рака.
Дулови е прв човек на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми која во 2018 година издејствува државни субвенции што покриваат дел од годишните трошоци за печатење и дистрибуција на весниците. Тој и Раткоцери повремено гостуваат во телевизиски емисии и дебати во улога на коментатори на политичките случувања во земјата.

Поврзани интереси на извршниот директор

Лирим Дулови

искусен македонски новинар. Активен е на медиумската сцена и е прв човек на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми која во 2018 година издејствуваа државни субвенции за печатените медиуми што покриваат дел од годишните трошоци за печатење и дистрибуција. Повремено гостува во телевизиски емисии и дебати во улога на познавач и коментатор на политичките случувања во земјата.

Поврзани интереси на главниот уредник

Ведат Мемедалија

искусен новинар и повеќе од осум години член на програмскиот совет на Македонската радио-телевизија.

Контакт

Адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр.11 ТЦ-Мавровка л/14 мезанин, Скопје

тел.: +389 23179-904

e-mail: koha@koha.com.mk

веб-страница: www.koha.mk

Финансиски информации

Приходи

851.367 $ / 49.89 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

387.543 $ / 22.71 мил. МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Удел на пазарот

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

Документи

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union