Курир

Порталот „Курир“ е еден од најстарите онлајн-медиуми во Македонија. Уште од своите почетоци во јавноста е познат како пропаганден медиум што објавува содржини во корист на партијата ВМРО-ДПМНЕ и напади кон нејзините противници и конкуренти.

Ова беше изразено до таа мера што името „Курир“ стана синоним за пропагандно новинарство во македонската медиумска сцена. Порталот ја задржа истата политичка ориентација и денес, која е главно изразена преку колумните и мислењата што ги објавува. Иако не ја менуваше уредувачката политика, трипати го смени сопствеништвото. Беше основан од брат на функционер на ВМРО-ДПМНЕ, помина во сопственост на уредникот, а потоа во него влезе унгарски капитал.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Немаподатоци

Вид на сопствеништво

Приватен

Географска покриеност

Меѓународна

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

Ем медиа

Сопствеништво

Сопственичка структура

Порталот „Курир“ е во сопственост на директорот Саше Стојановски и на унгарската државјанка Агнеш Адамик преку нејзината македонска фирма „Адинамик медиа“.

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

2010

Поврзани интереси на основачот

Ацо Мисајловски

Тој е македонски бизнисмен, кој е познат пред се како брат на политичарот Владо Мисајловски, потпретседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски. Во 2009 година ја основа компанијата „Ем медиа“, која го регистрира порталот „Курир“. Ацо Мисајловски претходно нема искуство во медиумскиот бизнис. Во 2015 година ја продава компанијата на Саше Стојановски, во тој момент уредник на порталот. Денес Мисајловски е сопственик и директор на агенцијата за маркетинг „Креатива 5“. Не е експониран во јавноста и за него нема многу информации.

Поврзани интереси на извршниот директор

Саше Стојановски

Тој е бизнисмен и поранешен уредник на „Курир“. Тој е на челото на порталот „Курир“ од почетоците додека не стана негов сопственик во 2015 година, кога ја купува компанијата „Ем медиа“ од поранешниот сопственик Ацо Мисајловски Продажбата се случува на денот кога неговиот брат Владо Мисајловски е назначен за министер за транспорт и врски. Една година претходно, во 2014, Стојановски ј ја купува телевизија Канал 1 од Велес, која веќе не работи. Тој до 2017 година беше целосен сопственик на издавачот на порталот „Курир“ и на други портали. Тогаш го продава мнозинскиот удел на фирмата со унгарски капитал „Адинамик медиа“ и останува малцински сопственик.

Поврзани интереси на главниот уредник

Предраг Кукиќ

Тој е македонски новинар со искуство во неколку онлајн портали.

Контакт

Адреса: ул. „Мирче Оровчанец“ бр.25/1, кат 4/9 , 1000 Скопје

е-mail.: info@kurir.mk

тел.: 389 2 614 18 27

web: www.kurir.mk

Финансиски информации

Приходи

315.018 $ /18.46 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

-33.447 $/ -1.96 мил. МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Удел на пазарот

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 11.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union