Македонско радио - Прв програмски сервис МРА1
Првиот сервис на македонското радио, попознат како Радио Скопје, е најстариот електронски медиум во земјава. Тоа е трето најслушано радио според анкетата на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги АВМУ од 2022 година. Емитува образовни, музички, документарни, забавни и информативни емисии, на македонски јазик.
И покрај заложбите за реформи, сервисот со години се соочува со сериозни тешкотии како недостиг на кадар и амортизирана опрема, со што се доведува во прашање неговото секојдневно функционирање.
Како што е наведено во петгодишната стратегија за развој на јавниот радиодифузер од 2021 година, дел од виталната технолошката опрема од која зависи функционирањето на радиото, како во главната режија, е набавена уште во 1974 година, а ништо подобра не е состојбата ниту во останатите сектори. Како сериозна слабост се споменува и тоа што радиото не е дигитализирано и не успева да ги следи современите текови, а голем дел од неговите вработени се пред пензија.
Инаку, Македонското радио е составено од три програмски сервиси, од кои два се на македонски јазик (МРА1 и МРА2), додека третиот (МРА3) емитува програма за етничките малцинства како албанското, српското, ромското итн.
Програмата на МРА1 може да се слуша на интернет и преку сателитскиот канал МРА САТ кој функционира во рамки на јавниот радиодифузер.
До 2017 година, МРТ се финансира од радиодифузната такса и државниот буџет. Потоа, Собранието ја укина оваа такса и сега главен извор на финансирање е државниот буџет и продажбата на рекламен простор.
МРТ е членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Јавен
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
Македонска радиотелевизија МРТВ
Сопственичка структура
Македонското радио е составено од четири програмски сервиси, два кои емитуваат програма на македонски јазик, еден на јазиците на етничките малцинства, и сателитскиот канал Радио Македонија кој ја реемитува програмата на првиот сервис, Радио Скопје.
Сите тие работат во состав на јавниот радиодуфузер МРТ, кој е поделен на два сегмента– радио и телевизија.
Секој од програмските сервиси во радиото има свој главен и одговорен уредник, кој е задолжен за програмата и за својата работа одговара пред Програмскиот совет кој се бира во Собранието на Република Северна Македонија. Во него секоја година, Јавниот радиодифузер МРТ, има обврска да поднесува извештај за својата работа.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
1944
Поврзани интереси на основачот
Со зборовите „Зборуе Радио Скопје“, и директен пренос од второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), во декември 1944 година е означен почетокот на работата на Радио Скопје, чиј наследник е денешното Македонското радио.
Тоа сега работи во рамки на Македонската радио телевизија (МРТ) која во денешниот облик постои од 1993 година, каде како нејзин основач се јавува Собранието на Република Македонија.
Поврзани интереси на извршниот директор
директор на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија од 2012 година. Веќе три години работи со истечен мандат, поради неможноста да се распише оглас за нов директор, бидејќи со истечен мандат се и членовите на Програмскиот совет, кои го избираат директорот.
Изборот на новиот Програмски совет на МРТ уште од 2020 е заглавен во Собранието, поради блокада од опозицијата. Сегашното раководство, на чело со Цветковски, е избрано во времето на поранешниот премиер Никола Груевски и сега веќе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзани интереси на главниот уредник
во МРТ работи од 1988 година, минувајќи ги сите скалила во новинарската професија. Авторка е на книги, меѓу кои и збирка колумни емитувани на Радио Скопје.
Контакт
Финансиски информации
Приходи
Нема податоци
Оперативен профит (во мил. $)
Нема податоци
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Наслови
Мета податоци
Финансиите на првиот програмски сервис на Македонското радио не може да се издвојат посебно во рамките на целиот ентитет, МРТ, бидејќи податоците се достапни само за компанијата во целина, но не и за поединечните сервиси кои функционираат во нејзините рамки.
