Метрополис радио

Метрополис е музичко-говорно радио од општ формат што се емитува на целата територија на државата. Покрај музиката и авторските емисии на неговата фреквенција се емитуваат и кратки вести. До септември 2023, исто така, трипати дневно се емитуваа вестите што ги изработуваше македонската редакција на Радио Слободна Европа.

Фирмата што стои зад Метрополис радио е основана во 2005 година, меѓутоа во тој период имала друго име, сопственици и програма концентрирана околу фолк-музиката. Во 2007 година се променило сопствеништвото и името на радиото, од Радио Рос во Метрополис.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватен

Географска покриеност

Национална

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

ТРД МЕТРОПОЛИС РАДИО

Сопствеништво

Сопственичка структура

Дарко Гелев има 50,04% од сопственоста на Метрополис, додека остатокот од радио, 49,96% е сопственост на Миле Ѓошевски.

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

2007

Поврзани интереси на основачот

Дарко Гелев

познат по прекарот Брејк е сопственик на медиуми, бизнисмен и поранешен музичар. Покрај радиото Метрополис, тој е целосен сопственик и на скопското Сити радио, кое всушност е неговиот прв медиум што го отвори во 2002 година како ривал на популарното Антена 5. Во јавноста и на професионалната социјална мрежа ЛинкдИн се претставува како сопственик и на Клуб радио, музичка станица ориентирана исклучиво кон клупската музика за танцување. Сепак, официјално сопственици на ова радио се други луѓе.

Од 2022 тој е и сопственик на фирмата Метропола недвижнини, која се занимава со градежништво. Дарко Гелев е и еден од сопствениците на фирмата за издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг) - МЗТ инвестмент груп.

Поврзани интереси на извршниот директор

Стела Бардо

е музичка ди-џејка, која е на сцената повеќе од триесет години. Уредничка на Метрополис радио е од 2014 година.

Поврзани интереси на главниот уредник

Стела Бардо

Видете погоре.

Контакт

Адреса: Ул. 507 бр. 12 Скопје - Карпош, 1000 Скопје

тел.: +38923211334

е-mail: info@metropolisradio.com

веб-страница: http://www.metropolisradio.com.mk/

Финансиски информации

Приходи

123.208 $ / 7.22 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

770 $ / 45.149 МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

87.202 $/ 5.1 мил. МКД (70.6%)

Удел на пазарот

0.42%

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 18. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union