Нова Македонија
Дневниот весник „Нова Македонија“ е најстариот македонски медиумски бренд. Основан е на третата седница на Президиумот на АСНОМ која се одржала од 2 до 5 септември, а првиот број излегол на 29 октомври 1944 година во планинското село Горно Врановци. Селото тогаш било административен центар на македонската слободна територија, пред последните офанзиви на Народно-ослободителната војска, со кои се ослободиле големите градови. Весникот и редакцијата одиграле историска улога во НОВ и во воспоставувањето на македонската држава во повоениот период.
Весникот е приватизиран во 2003 година, кога го купи скопската фирма Зоник компјутери. Дотогаш го издаваше претпријатието во општествена сопственост НИП Нова Македонија.
Во почетокот на 2008 година Нова Македонија почнува да излегува со нов формат и нова редакција, а зад брендот застанува Минчо Јорданов, еден од најбогатите луѓе во земјата. Тој во своја сопственост или контрола има поголем број крупни бизниси во металургијата, градежништвото, монтажните конструкции, производството на храна и на вино итн. Јорданов имаше и политичка кариера. Тој од 2004 до 2006 беше вицепремиер за економија во владата на СДСМ предводена од Владо Бучковски. По преземањето од Јорданов, во весникот редовно се менуваа главните уредници по истекот на нивните договори.
Иако е приватен и комерцијален медиум, во својата уредувачка политика „Нова Македонија“ и денес се повикува на своите историски корени.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватна
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Платена содржина
Медиумски компании/Групи
Репро Принт
Сопственичка структура
Издавач на весникот „Нова Македонија“ e фирмата Репро Принт ДООЕЛ, која пак, е во стопроцентна сопственост на офшор компанијата Репро Оне Лимитед Тортола од Британските Девствени Острови која е во сопственост на бизнисменот Минчо Јорданов. Оваа офшор компанија се јавува во сопственичката структура на поголем број фирми поврзувани со Јорданов, како холдингот „Перминдекс“, винаријата „Стоби“, весникот „Капитал“, а своевремено се споменуваше и во сопственоста на фирмата „Факом“.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
1944
Поврзани интереси на основачот
Весникот Нова Македонија е основан со одлука на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија — врховно законодавно и извршно тело на Демократска Федерална Македонија во периодот од август 1944 година до април 1945 година. Нова Македонија ја издаваше најстарата новинско-издавачка куќа, НИП „Нова Македонија“, која отиде во стечај во 2003 година.
Поврзани интереси на извршниот директор
од 2008 година е директор на дневниот весник „Нова Македонија“. Претходно дипломирал на Факултетот за безбедност. Од 1993 до 2000 година работел во Министерството за внатрешни работи, а потоа осум години во Дуферко - Макстил, фабриката за трговија со челик која порано ја поседуваше Минчо Јорданов, инаку, сопственик на весникот „Нова Македонија“.
Поврзани интереси на главниот уредник
долгогодишен новинар во Нова Македонија.
Контакт
Адреса: Ул. Јуриј Гагарин бр.15, 1000 Скопје
тел.: +389 2 5511711
e-mail: nm@novamakedonija.com.mk
веб-страница: novamakedonija.com.mk
Финансиски информации
Приходи
653.414 $ / 38.29 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
-113.481 $ / -6.65 мил. МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
