Плусинфо

„Плусинфо“ стартуваше во 2011 година со што е еден од првите македонски информативни портали. До 2019 година „Плусинфо“ беше проект на Здружението на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување „Член 16“, чиј претседател е Илиќ Героска, додека од 2019 фирмата на Илиќ - Героска - „Плусинфо“ издаваштво стои зад порталот.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватен

Географска покриеност

Меѓународна

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

Плусинфо издаваштво

Сопствеништво

Сопственичка структура

Плусинфо е во приватна сопственост на новинарката и уредничка Билјана Илиќ-Героска, преку Плусинфо издаваштво ДООЕЛ каде таа е единствениот сопственик

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

2011

Поврзани интереси на основачот

Биљана Илиќ-Героска

Новинарка и уредничка, којашто пред „Плусинфо“ работела во печатени медиуми. Таа го основала „Плусинфо“ во 2011, како и специјализираните страници „Арткујна“ и „Мајка и дете“. Автор е на книгата „Јога за трудници и за мајки“ објавена во 2019.

Поврзани интереси на извршниот директор

Биљана Илиќ-Героска

Видете погоре.

Поврзани интереси на главниот уредник

Биљана Илиќ-Героска

Видете погоре.

Поврзани интереси на други важни лица

Бранко Героски

Раководител на проектот „Плусинфо“ е новинарот и уредник Бранко Героски, познат и искусен новинар и уредник кој имал клучна улога во основањето на неколку значајни медиуми како што се весниците „Дневник“, „Шпиц“ и „Слободен печат“.
Препознатлива содржина на „Плусинфо“ се коментарите и колумните на Героски. Со нив тој ги исмева и ги критикува општествените и политичките текови, како и актуелните функционери. Тој е сопруг на Билјана Илиќ-Героска.

Контакт

Адреса: Бул. Партизански одреди бр.44/1, 1000 Скопје

е-mail: contact@plusinfo.mk

тел.: +38923179-545

web: plusinfo.mk

Финансиски информации

Приходи

146.929 $ / 8.61 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

5.392 $ / 315.968 МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Удел на пазарот

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 29.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union