Прес 24

Порталот „Прес 24“ стартуваше на 1 ноември 2010 година. Беше најавен како независен веб-медиум, кој беше финансиран од Амбасадата на САД во Македонија. Зад порталот од самиот почеток стои фирмата „Њу медиа комуникејшн“, која е во стопроцентна сопственост на Славица Арсова Спасовски - уредничка на информативната програма на телевизијата „Сител“. Дел од редакцијата на „Прес 24“ е и сопругот на Арсова, Александар Спасовски, кој работи како новинар во телевизија „Сител“.

Уредувачката политика на „Прес 24“ ја следеше работата на сопружниците Арсова и Спасовски во нивниот матичен медиум - „Сител“ телевизија. Тие го внесоа „Прес 24“ во друштвото на медиуми, кои отворено ја поддржуваа работата на владата предводена од десничарската ВМРО-ДПМНЕ и од Никола Груевски и жестоко и притоа синхронизирано со провладините медиуми се пресметуваа со сите противници на тогашните властодршци.

По падот на ВМРО-ДПМНЕ од власт во 2017 година, повторно, следејќи ја работата на брачната двојка Арсова-Спасовски во „Сител“, сајтот го „смири тонот“ во известувањето и денес главно се држи исклучиво до агенциски пристап во објавите.

Иако во импресумот се поместени имињата на шестмина новинари, на „Прес 24“, реткост е да се види авторски потпишан текст. Најголемиот дел од објавите се дневни вести од политичкиот и општествениот живот во државава, пренесени соопштенија на институции, партии, невладини, фејсбук-објави или твитер-објави на политичари или на познати личности.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватен

Географска покриеност

Меѓународна

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

Њу медиа комуникејшн

Сопствеништво

Сопственичка структура

„Прес 24“ е во сопственост на компанијата „Њу медиа комјуникејшн“, чиј сопственик и директор е Славица Арсова Спасовски.

Индивидуален сопственик

Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

2010

Поврзани интереси на основачот

Славица Арсова Спасовски

е новинарка и уредничка на информативната редакција во најгледната национална телевизија „Сител“. Таа е основач и главна уредничка на порталот „Прес24“. Ќерка е на долгогодишната водителка во МРТ, Розета Арсова, која беше уредничка во oбразовната програма на МРТ. Арсова Спасовски е сопруга на Александар Спасовски, кој е новинар во порталот „Прес 24“ и во „ТВ Сител“. Таа стана главна уредничка на „Сител“ во 2019 година, каде што работеше и претходно.

Арсова со други новинари од 2013 е основач на сега неактивната невладина организација Здружение за развој и унапредување на интернет медиумите „Асоцијација на интернет-портали“.

Поврзани интереси на извршниот директор

Славица Арсова Спасовски

Видете погоре.

Поврзани интереси на главниот уредник

Славица Арсова Спасовски

Видете погоре.

Поврзани интереси на други важни лица

Aлександар Спасовски

Новинар во телевизија „Сител“ и во „Прес 24“, сопруг на главната уредничка Славица Арсова Спасовски. Беше еден од новинарите кои важеа за ударна тупаница на уредувачката политика на ТВ „Сител“, во време кога владееше десничарската ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски во 2013 ја основа агенцијата за маркетинг „Њу медиа тим“.

Контакт

Адреса: Бул. Партизански одреди Бр. 155-1/88 Карпош, 1000 Скопје

е-mail.: : contact@press24.mk

тел.: +38972 222 042

web: press24.mk

Финансиски информации

Приходи

36.519 $ / 2.14 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

3.975 $ / 232.927 МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

Нема податоци

Удел на пазарот

Нема податоци

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 16.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union