Република
Порталот „Република“ е регистриран како домејн во 2009 година, но со работа почнува во 2012 година, кога од печат излегува и неделникот „Република“. Двата медиума работеа под иста управа, но беа одвоени од почетокот. Порталот беше наменет за објавување дневни вести, а неделникот за подолги стории и анализи.
Од почетоците и порталот и неделникот објавуваат содржини наклонети на партијата ВМРО-ДПМНЕ и напади кон нејзините конкуренти, и беа сметани за дел од мрежата пропагандни медиуми на оваа партија додека беше на власт. Неделникот престана да излегува набргу по смената на власта во 2017 година, а порталот продолжи да работи и ја задржа политичката ориентација, која се гледа низ колумните, интервјуата и други содржини.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватен
Географска покриеност
Меѓународна
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
Прва Република
Сопственичка структура
Порталот „Република“ е во сопственост на директорот Доне Доневски и на унгарската државјанка Агнеш Адамик преку нејзината македонска фирма „Адинамик медиа“.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
2012
Поврзани интереси на основачот
Македонски бизнисмен и менаџер што го управува издавачкото претпријатие „Прва република“ од неговото основање во 2012 година непрекинато до денес. На почетоците сопственик на претпријатието е офшор-компанијата „Иресине лимитед“ регистрирана во Белизе, со непознато сопствеништво. Во 2016 година Доневски станува целосен сопственик на „Прва република“, а во 2018 го продава мнозинскиот удел на фирмата „Адинамик медиа“ на унгарската државјанка Агнеш Адамик и за себе задржува малцински дел.
Поврзани интереси на извршниот директор
Видете погоре.
Поврзани интереси на главниот уредник
Македонска новинарка и уредничка на порталот „Република“ од неговите почетоци. Има 20-годишно искуство во македонскиот медиумски простор, вклучително во дневните весници „Вечер“ и „Утрински Весник“.
Поврзани интереси на други важни лица
Унгарска државјанка, која во 2017 година во Скопје ја регистрира компанијата „Адинамик медиа“. Следната година оваа компанија го презеде мнозинскиот удел во издавачот на порталот „Република“, компанијата „Прва република“. За Агнеш Адамик има малку информации во македонската јавност. Познато е дека претходно била директор во првиот канал од државната медиумска групација на Унгарија, која по доаѓањето на власт на премиерот Виктор Орбан работи под контрола на неговата партија Фидес. Адамик, преку „Адинамик медиа“, поседува мнозински удели во уште две медиумски компании во Македонија – „Ем медиа“ и „ЛД пресс“. Трите фирми во кои има мнозински удел контролираат седум онлајн-медиуми.
Контакт
Адреса: Булевар Илинден број 9 , 1000 Скопје
е-mail.: republika@republika.mk
тел.: +389 02 3299 999
web: www.republika.mk
Финансиски информации
Приходи
267.919 $ /15.7 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
-18.771 $/ '-1.1 мил. МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 29.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
