Сакам да кажам - СДК
Дигиталната редакција СДК.мк е претставена е како „платформа за слободоумни“. Порталот е препознатлив по авторските текстови од областа на правосудството, теми за Градот Скопје, третирањето родови прашања, културата и е еден од највлијателните онлајн медиуми во земјава.
„СДК.МК“ е еден од ретките портали што има дописна мрежа од неколку градови од земјава.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватен
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
СДК Михајловски
Сопственичка структура
„Сакам да кажам“ е проект на Здружението Сакам да кажам Скопје и на Друштвото за услуги СДК Михајловски ДООЕЛ Скопје. Михајловски се јавува како еден од основачите на здружението, а е стопроцентен сопственик на фирмата.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
2016
Поврзани интереси на основачот
долгогодишен новинар и уредник. Кариерата ја започнал во дневниот весник „Вечер“. Потоа со група новинари го основа весникот „Вест“, кој излегуваше како дел од весниците на групацијата Медија Принт Македонија (МПМ). Во „Вест“ е главен и одговорен уредник до 2015 година, кога тогашниот менаџмент не му го продолжува договорот за работа.
Веднаш потоа, под мотото „платформа за слободоумни“, го основа порталот „Сакам да кажам“, чие име е преземено од истоимената колумна што тој ја пишува од 1991 година, и важи за најдолготрајна колумна во историјата на македонското новинарство. Со себе во порталот повлекува и дел од новинарката екипа на Вест. Весникот поради лоши финансиски резултати престана да се издава во 2017 година, додека порталот СДК стана еден од највлијателните онлајн медиуми во земјава.
Поврзани интереси на извршниот директор
Видете погоре.
Поврзани интереси на главниот уредник
Видете погоре.
Контакт
Адреса: ул. Франклин Рузвелт, 70/3-3 1000 Скопје
е-mail: info@sdk.mk
тел.: +389 2 2039 984
web: sdk.mk/index.php/mk/
Финансиски информации
Приходи
117.406 $ / 6.88 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
20.819 $ / 1.22 мил. МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 07.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
