Сител
Телевизијата Сител е најстарата и најгледаната приватна телевизија. Формирана во 1997 година од тогаш политички активниот Љубисав Иванов - Ѕинго. Локалниот функционер од Кратово беше претседател на Социјалистичката партија на Македонија од 1996 до 2021 година, а во приватизацијата стана сопственик на рударскиот комбинат „Силекс“ каде што претходно имаше раководна позиција. Во 2003 година управувањето и сопствеништвото на телевизијата го презеде синот на Љубисав Иванов, Горан Ивановски.
Сител беше еден од главните медиумски сојузници на владата на поранешниот премиер Никола Груевски. По падот на Груевски сменет е уредничкиот тим и од 2017 година телевизијата е политички релативно неутрален медиум.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватна
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
ТРД Сител
Сопственичка структура
Сител е во 100 процента сопственост на компанијата „Монтеко“ што се занимава со управувачки дејности. Сопственик на таа компанија е Горан Ивановски, син на Љубисав Иванов-Ѕинго.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
1997
Поврзани интереси на основачот
Својата бизнис-империја почна да ја гради од рударско-индустрискиот комбинат „Силекс“ во Кратово во раните деведесетти години од минатиот век. Како политичар 30 години беше пратеник, прво во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од независноста и во македонското собрание. Тој беше претседател на Социјалистичката партија на Македонија од 1996 сè до неговата смрт во 2020 година. Партијата е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ две децении, иако во деведесеттите години учествуваше во владата предводена од СДСМ.
Поврзани интереси на извршниот директор
За него нема многу информации. Единствена информација е дека пред да стане управител на Сител бил директор на маркетинг во телевизијата.
Поврзани интереси на главниот уредник
Македонски пејач кој е на сцената од осумдесеттите години. Тој работи во Сител долги години. Бил уредник на забавните програми, а од 2019 година е и одговорен уредник на медиумот. Нема информации за негова лична поврзаност со други бизниси.
Контакт
адреса: Столтенбергова бр.2 1000 Скопје
тел.: +38923116566
e-mail: informativna@sitel.com.mk
веб-страница: www.sitel.com.mk
Финансиски информации
Приходи
7.06 Mln $ / 413.69 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
82.765 $ / 4.85 мил. МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
6.87 Mln $ / 402.5 мил. МКД (97.3 %)
Удел на пазарот
33.05%
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 03. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
