Слободен печат
Слободен печат е македонски дневен весник чиј прв број излезе на 19 октомври 2013 година. Eден од иницијаторите на весникот и прв главен уредник е новинарот Бранко Героски. Весникот излегува и како веб-издание со посебна дигитална редакција. Иако весникот е релативно млад, од основањето често се менувале сопствениците и косопствениците.
Редовно ги користи владините субвенции за печатените медиуми и како весник со најголем тираж добива и најголема сума. Според информациите објавени на печатеното издание, Слобооден печат излегува во тираж од 5000 примероци.
Весникот е дел од медиумската групација Слободен печат, која има посетена веб страница, а од 2019 година, дел од „Слободен печат“ е и видеоплатформата Слободна ТВ. Емитува онлајн-програма на Јутјуб и социјалните мрежи со вести, интервјуа и дебати.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватна
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Платена содржина
Медиумски компании/Групи
Слободен печат
Сопственичка структура
Сопственици на компанијата издавач на весникот се белградскиот адвокат Владимир Гаљак и компанијата Печат МК, во сопственост на директорот на Слободен печат, Мирослав Јовановиќ и бизнисменот Драган Живковиќ. Во изминатите десет години, колку што постои весникот, често се менувале неговите сопственици. Еден од двајцата негови основачи, бизнисменот Владимир Кошевалиски, излезе од сопствеништвото на весникот три години по основањето, а неговиот удел го купи српската компанија на „Адрија Медиа Груп“ на Александар Родиќ, која ги издаваше српскиот дневен весник „Курир“, истоимениот портал, како и повеќе други популарни печатени изданија, веб-портали и мобилни апликации.
По јавните несогласувања со српскиот претседател, Александар Вучиќ, во 2018 година, Родиќ ги продаде српскиот „Курир“ и другите медиуми на лице блиско до власта во Србија. Две години подоцна, во 2020 година, на својот пријател, српскиот адвокат Владимир Гаљак, го продава и уделот во „Слободен печат“.
Во меѓувреме, и Градимир Јовановиќ се повлече и му го отстапи уделот на синот Мирослав. Кон средината на 2019 година, Мирослав Јовановиќ го отстапи својот удел на фирмата Печат.мк, каде што сопственици се тој и Драган Живковиќ.
Индивидуален сопственик
Група / Индивидуален сопственик
Мирослав Јовановиќ
Мирослав Јовановиќ е син на еден од основачите на весникот, Градимир Јовановиќ и во сопственичката структура на медиумот влегува откако од неа излезе неговиот татко. Од 2018 година е поставен за директор на фирмата издавач на весникот, период во кој тој има половина од сопствеништвото на компанијата. Веќе следната година, својот удел го продава на фирмата Печат мк, со што Драган Живковиќ станува сопственик на 45% од медиумот, а Мирослав задржува само 5%.
Општи податоци
Година на основање
2013
Поврзани интереси на основачот
сопственик на на компаниите Нет медиа груп ДООЕЛ и ДНА Комуникации ДООЕЛ Скопје, кои се регистрирани како интернет портали и за истражувања на пазарот и јавното мислење. Кошевалиски е еден од основачите на невладината Асоцијација за заштита на национални печатени медиуми АЗНПМ Скопје. Во 2016 излезе од сопственичката структура на весникот.
познат македонски радио новинар. Целата негова професионална кариера е поврзана со македонското радио, а по пензионирањето станува еден од основачите на весникот Слободен печат. Во 2017 година, излезе од сопственичката структура на медиумот, кога во неа влегува неговиот син, Мирослав.
Поврзани интереси на извршниот директор
син на еден од основачите на весникот, Градимир Јовановиќ и во сопственичката структура на медиумот влегува кога од неа ќе излезе неговиот татко. Од 2018 година е поставен за директор на фирмата издавач на весникот.
е српски државјанин и директор на балканската медиумска групација, Адриа Медиа Груп. Во 2017 е назначен за директор во Слободен печат, откако во сопственичката структура на весникот влегува Адриа Медиа Груп, чиј сопственик во тој момент е српскиот медиумски магнат Александар Родиќ кој купува половина од уделот во Слободен печат. Волф е дел од српската невладината организација Медиумска асоцијација на Југоисточна Европа.
Поврзани интереси на главниот уредник
долгогодишен новинар и уредник, кој работел во повеќе печатени медиуми. Во Слободен печат е од самите почетоци на весникот, a на местото главен и одговорен уредник на печатеното издание дојде во 2019 година, кога од весникот заминува дотогашниот главен уредник, Бранко Героски.
Контакт
Адреса: Ул. Кеј 13 Ноември ГТЦ
Кат 2, Локал 12, Д.Е. 234, 1000 Скопје
тел.: +389 2 551 1763
e-mail: isprati@pecat.mk
веб-страница: slobodenpecat.mk
Финансиски информации
Приходи
1.50 мил. $ / 88.21 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
6.488 $ / 380.223 МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
