Телма

„Макпетрол“ АД, денешниот сопственик на телевизијата, во август 1996 година откупи 51 процент од телевизија РТА и ја преименува во Телма, или официјално во Телевизија Макпетрол. Истовремено со други медиуми, во 1998 година првично доби концесија за емитување програма на територијата на Скопје, a подоцна во јуни 2004 година и дозвола за национално емитување. При крајот на 1990-тите и во почетокот од следната декада, Телма се етаблира како телевизија - ексклузивен пренесувач на тогаш можеби најпопуларното фудбалско првенство во Европа и во светот - Италијанската прва лига (Калчо). Денес медиумот работи според доделената дозвола за општ-забавен формат, а фокус му се информативните изданија и дебатните емисии. Телма во информативната програма понекогаш ги застапува интересите на нафтената компанија Макпетрол.

Телма беше позната и по тоа што со децении имаше ист раководен тим. Нејзин долгогодишен директор беше писателот и публицист Ристо Лазаров, а уредничка беше новинарката Емилија Лазаревска. Но, по пензионирањето на Лазаров во 2014 година, медиумот се визуелно се ребрендираше, а на челната позиција дојде Атанас Кировски. Во средината на 2021 Кировски замина од позицијата директор. Него го наследи Снежана Лупевска-Созен која е и уредник и директор.

Клучни податоци

Удел во гледаност

Нема податоци

Вид на сопствеништво

Приватна

Географска покриеност

Национална

Вид на содржина

Бесплатна содржина

Медиумски компании/Групи

ТРД Телевизија Макпетрол

Сопствеништво

Сопственичка структура

Телевизијата Телма е во стропроцентна сопственост на Акционерското друштво за промет со нафта и нафтени деривати „Макпетрол“.
Сопственици на 10% од акциите во „Макпетрол“ се Акционерското друштво „Макпетрол“ и Командитното друштво за акции со транспорт „Оилко“.
Во „Оилко“ сопственици на 35,61 % од акциите е „Макпетрол“, на 5,99% Оилко и на 14,98% - Андреја Јосифовски. Во Макпетрол, пак, најмногу акции има Андреја Јосифовски 1,780%, потоа следуваат Марија Јосифовска Спасовска со 0,107%, Сашко Павловски со 0,009%, Михајло Борозанов со 0,001% и Сашо Бошковски со 0,027%.

Индивидуален сопственик

Група / Индивидуален сопственик

Акционери

Акционерското друштво Макпетрол котира на македонската берза и најголем дел од акционерите имаат 5% или помалку акции.

75%
Медиумски компании/Групи
Факти

Општи податоци

Година на основање

1996

Поврзани интереси на основачот

Андреја Јосифовски

Познат македонски стопанственик од нафтениот сектор. Тој поседува најголем удел во Акционерското друштво „Макпетрол“, односно 2.000 акции што практично во удели изнесува 1,780 %. Јосифовски е најголем поединечен акционер и во „Оилко“, фирма-ќерка на „Макпетрол“. Тој таму поседува 14,98%.
Друштвото се занимава со дистрибуција на нафтени деривати има и најголем број бензински пумпи во Македонија.

Поврзани интереси на извршниот директор

Снежана Лупевска Созен

Позната новинарка со повеќедецениска кариера. Со својот телевизиски проект за истражувачко новинарско Код има добиено повеќе награди. Директорка и уредничка на телевизијата станува во 2021 година.

Поврзани интереси на главниот уредник

Снежана Лупевска Созен

Видете погоре.

Контакт

Адреса: Ул. Никола Парапунов 51, 1000 Скопје

тел.: +3892307 66 77

е-mail: Telma@telma.com.mk

веб-страница: telma.com.mk

Финансиски информации

Приходи

2.02 мил. $ / 118.25 мил. МКД

Оперативен профит (во мил. $)

-411.434 $ / -24.11 мил. МКД

Реклами (во % од вкупното финансирање)

1.78 Mln $/ 104.35 мил. МКД (88.24%)

Удел на пазарот

8.57%

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 03. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union