ТетоваСот
Под мотото „брзи и поинакви“, онлајн медиумот „ТетоваСот“ со кој денес раководи Рами Мислими, започна со работа во 2013 година. Новинарско истражување откри дека „ТетоваСот“ е главниот медиум во неформалната медиумска група од вкупно четири информативни веб-страници кои се користеа за политичка пропаганда. Покрај „ТетоваСот“ (tetovasot.com), во групата беа и bild.mk, indeks.mk и ts.mk.
Во времето кога се подготвуваше оваа база, bild.mk беше нефункционален.
„ТетоваСот“ и другите медиуми од оваа групација беа и се наклонети кон етнички албанската владејачка партија ДУИ, а особено ја критикуваат опозицијата во албанскиот политички блок. Онлајн медиумот „ТетоваСот“ веќе цела деценија објавува содржини на албански јазик и затоа освен во Северна Македонија, порталот се чита и во Косово и Албанија.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватен
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
ТС ГРОУП
Сопственичка структура
Тетовaсот го издава компанијата ТС Гроуп. Формирана во 2001 година, двапати ја менува дејноста, а трипати и своето име. Формирана е како компјутерска фирма, под името Мастер-компјутерс, по што продолжиле како издавач на интернет портали. Во 2016 е преименувана во Тетовасот-медиа, а во 2022 го добива сегашното име ТС Гроуп. Во нејзината сопственичка структура фигурираат тројцата браќа, Насер, Рами и Тафик Мислими, при што си ги менуваат улогите, како сопственици или директори на компанијата. Братот Насер формално си заминува од компанијата во 2016 година, за во 2022 година, таа да биде целосно преземена од Рами.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
2012
Поврзани интереси на основачот
заедно со своите браќа Рами и Тефик, повеќе од една деценија e во медиумскиот бизнис со онлајн портали на албански јазик во земјава. Од сопствеништвото на фирмата издавач на Тетовасот излегува во 2016 година. Во 2019 година е еден од основачите на Здружението за мултимедиа и уметност Албазоне Медиа, преку кое ги води порталите albazone.mk и lajmi.mk, чии домејни пак се креирани во 2015, додека бил директор на компанија што го издава Тетовасот, а каде сега сопственик и директор се неговите двајца браќа.
Насер Мислими сега е советник во општина Желино, од партијата ДУИ.
Албазоне медиа е издавач на уште два портали, формирани на ист начин како albazone.mk и lajmi.mk. Станува збор за fjala.mk и topnews.mk, кои немаат нови содржини од средината на 2021 година.
Поврзани интереси на извршниот директор
новинар и сопственик на порталот Тетовасот. Од 2012 до 2022 година работи во општина Тетово, по што дава отказ и формално го презема сопствеништвото на компанијата која го издава Тетовасот. Неговото заминувањето од општината се поклопи со доаѓањето на новиот градоначалник Биљал Касами од партијата Беса, откако претходно најмногу од градоначалниците беа од партијата ДУИ. Рами Мислими не ја крие наклонетоста кон владејачката партија од Мала Речица. Тој на својот фејсбук-профил објавува фотографии со Али Ахмети и со министри на ДУИ, но и исмева политичари, како Арбен Таравари, генсекот на опозициската Алијанса за Албанците. Тој е ко-основач на Здружението Про-Визиони Тетово, заедно со својот брат Тефик.
Поврзани интереси на главниот уредник
е долгогодишен новинар. Медиумите често го контактираат за изјави и политички анализи.
Поврзани интереси на други важни лица
е брат на Рами и Насер. Од 2016 до 2022 година е сопственик и директор на компанијата издавач на порталот. Заедно со својот брат Рами, тој бил дел од Здружението Про-Визиони Тетово.
Контакт
Адреса: Јане Сандански 12/4 1200 Тетово
е-mail.: info@tetovasot.com
тел.: +38970330111
web: www.tetovasot.com
Финансиски информации
Приходи
30.205 $ / 1.77 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
9.153 $ / 536.364 МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 29.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
