Вечер
„Вечер“ е еден од најстарите македонски весници, чиј прв број излегол на 11 ноември 1963 година. Вечер почнал да излегува како публикација на Социјалистичкиот сојуз на Скопје. Излегуваше во рамки на новинско издавачката куќа „Нова Македонија“, која беше главното државно издавачко претпријатие во социјалистичкиот период (до 1991 година).
Во транзициските 1990-ти години, весникот продолжи успешно да работи, но подоцна Владата прогласи стечај и весникот беше понуден на продажба. Во 2003 година, „Вечер“ првпат стана медиум во приватна сопственост, откако брендот го купи маркетинг-компанијата „Идеа плус“. Три години подоцна, по неуспешната реализација на бизнис планот, во 2006 година, бизнисменот Бојо Андрески, сопственик на Европски универзитет, го купи весникот.
Андрески беше близок со тогаш владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. Тој имаше и своја политичка партија именувана како „Партија на правдата“. Таа беше дел од предизборната коалиција предводена од Груевски. По неговото преземање на весникот, следуваше период на приспособување на уредувачката политика кон интересите на владејачката партија, што беше извршено преку новодонесениот уредувачки двоец од Сител телевизија - Драган Павловиќ Латас, како главен уредник, и Ивона Талевска, како заменичка до 2012, а потоа како главна уредничка.
Кога во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта Ивона Талевска си замина од „Вечер“ и за нова главна уредничка е назначена Весна Миќиќ Божиновска, која е сѐ уште на таа позиција. Тогаш настанува и раздвојувањето на весникот и на неговата интернет-страница Вечер.мк, кога уредничката Ивона Талевска со помала екипа новинари се одвои во посебен медиум, а весникот мораше да регистрира сајт со друг домејн.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватна
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Платена содржина
Медиумски компании/Групи
ВЕЧЕР ПРЕС
Сопственичка структура
Весникот Вечер е во приватна сопственост. Сашо Богдановски е единствен сопственик на весникот.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
1963
Поврзани интереси на основачот
општествено - политичка организација, продолжена рака на Комунистичката партија која била на власт во тоа време. Весникот функционирал во рамките на Новинското издавачко претпријатие НИП „Нова Македонија“.
Поврзани интереси на извршниот директор
стануваат управители на Вечер прес во септември 2023. За нив нема информации во јавноста. Панајотов претходно бил вработен во компанијата. Претходно генерален директор беше Бобан Богдановски-Андрески зет на Бојо Андрески, кој го купи Вечер во 2006 година.
Поврзани интереси на главниот уредник
долгогодишна новинарка, на позицијата главен и одговорен уредник на весникот Вечер дојде во 2017 година.
Контакт
Адреса: Булeвар. Мито Х.Јасмин бб, Скопје
тел.: +389 2 3219-650
e-mail: vecer@vecer.press
веб-страница: www.vecer.press
Финансиски информации
Приходи
536.861 $ / 31.46 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
-182.765 $ / -10.71 мил. МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 01.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
