Журнал
Zhurnal.mk е информативен протал што објавува содржини исклучиво на албански јазик. Во македонскиот интернет простор регистриран е во 2009 година.
Сопственичка на порталот е Хирије Муслија преку нејзината компанија „Журнал инфо“, која е лоцирана во Скопје. Муслија поседува и ИТ-фирма, а основач е и на невладина организација чија задача е да се бори за поголема транспарентност.
Порталот нема импресум, ниту, пак, нуди какви било информации за тоа кој е уредник и кои се новинарите што ги изработуваат содржините. Сепак, во текст од 2018 година се споменува дека уредник на zhurnal.mk e Беџет Муслија, сопругот на Хирије.
Беџет Муслија воедно е косопственик на синџир специјализирани продавници за тутун во Скопје, Приштина и во Тирана.
Семејството Муслија го води и информативниот портал со речиси идентично име - zurnal.mk, на кој се објавуваат содржини на македонски јазик. Овој информативен портал е регистиран во 2009 година.
Сега двата сајта се во сопствеништвото на неговата сопруга Хирије.
Удел во гледаност
Нема податоци
Вид на сопствеништво
Приватен
Географска покриеност
Национална
Вид на содржина
Бесплатна содржина
Медиумски компании/Групи
ЖУРНАЛ ИНФО
Сопственичка структура
Порталот на албански јазик Журнал е во сопственост на Журнал ИНФО ДООЕЛ, чиј единствен сопственик е Хирије Муслија. Зад порталот на македонски јазик Журнал, според податоците кои Хирије Муслија ги доставила до Државната комисија за спречување корупција во 2020 година стоела невладината организација ОТИ ГРУП. Муслија е овластено лице на ОТИ Груп е еден од основачите заедно со Игор Андонов, Реџеп Адемовски, Албена Машовиќ, Алја Хаџиу.
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
2009
Поврзани интереси на основачот
е основач на Журнал Инфо ДООЕЛ Скопје и главен уредник на порталот. Косопственик е во БМ ЦИГАР-ТОБАКО ШОП, специјализирана продавница за производи од тутун. Таа компанија има продавници и во Приштина и во Тирана. Во 2009 година тој беше актуелен во јавноста откако како управител на друга фирма која веќе не постои, беше тужен од компанијата Гугл и го изгуби спорот. Имено, тој во 2004 година го регистрирал доменот www.google.com.mk, но беше казнет поради повреда на трговскиот бренд.
Поврзани интереси на извршниот директор
е директорка на Журнал и сопруга на основачот, како и сопственичка на фирма за информатичка технологија и компјутери и основачка на невладина организација за транспаретно информирање. Таа е управителка и на фирма поврзана со продажба на производи од тутун.
Поврзани интереси на главниот уредник
Видете погоре.
Контакт
Адреса: 8 Ударна Бригада 20б 1000 Скопје
е-mail: info@zurnal.mk
тел.: + 389 2 3217 815
web: www.zhurnal.mk
Финансиски информации
Приходи
52.560 $ / 3.08 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
171 $ / 9.996 МКД
Реклами (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Удел на пазарот
Нема податоци
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 16.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
