Онлајн медиуми

Според податоците на Државниот завод за статистика за 2022 година, 86,6 отсто од домаќинствата имале интернет во домот. Бројот на информативни портали не се знае точно, бидејќи во Законот за медиуми, тие не се препознаваат како медиуми, па оттука и воопшто не се регулирани.

Сепак, некаква бројка може да се добие од Државната изборна комисија (ДИК), каде порталите мора да се регистрираат пред секои избори, доколку сакаат да објавуваат изборни кампањи. За локалните избори во 2021 година се регистрирале 191 информативен портал.

Според податоците на Евростат во 2021 година 72 отсто од македонските граѓани се информирале преку онлајн портали. Според испитувањето на јавното мислење на Меѓународниот републикански институт ИРИ, спроведено во мај 2023 година, на прашањето кој извор најчесто го користите за политички вести, 73 отсто од испитаниците рекле дека се информираат од телевизиите, а 38 отсто од порталите.

Како и да, од година во година популарноста на онлајн медиумите расте. 

За изборот на онлајн медиуми кои се најдоа во базата Мониторинг на медиумското сопствеништво во Северна Македонија беа земени предвид три извори: податоците од SimilarWeb, компанија специјализирана за мерење интернет сообраќај, од Picasa Analytics, компанија која е специјализирана за анализа на податоци и Crowd Tangle,  алатка од Мета со која се анализираат јавните објави на социјалните мрежи.

Онлајн медиумите кои се најдоа на врвот на листите во најмалку два од овие извори, беа вклучени од оваа база.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union