Медиумска сопственост
Речиси сите македонски медиуми се приватни, со исклучок на јавниот сервис кој е финансиран од државниот буџет - Македонската радиотелевизија и Медиумската информативна агенција.
Најмоќните телевизии ги контролираат семејствата на луѓе што излегоа како победници од економската транзиција во деведесетите години од минатиот век. Тие покрај во медиумскиот, се вклучени и во многу други профитабилни бизниси како што се градежништвото, нафтата, угостителството или експлоатацијата на природни богатства преку концесии. Основачите на овие телевизии долго време директно беа вклучени во политиката како пратеници, министри или партиски лидери.
По телевизиите, информативните веб страници се најчестиот извор на информации и нивните рејтинзиите се далеку пред оние на радиото или на печатот, чија публика се мери во едноцифрени проценти.
Онлајн сцената се состои од неколку стотици сајтови, па оттука е и шареноликоста во нивното сопствеништво. Карактеристично за информативните портали е тоа што дел од нив се управувани од новинари, кои ги напуштиле традиционалните медиуми и се организирале преку здруженија на граѓани или преку новоформирана компанија. Онлајн во змејата се присутни и познатите светски сервиси како Радио слободна Европа, Дојче Веле и Војс оф Америка.