Афердита Келменди

Афердита Келменди

Афердита Келменди има најголем удел од 60 отсто во сопственоста на „Компани 21“, фирма која е сопственик на телевизијата 21 во Македонија. Сите јавно достапните податоци се поврзани со нејзината новинарска кариера која почнува во Косово. Таа е еден од основачите и сопственици на Радио Телевизија 21 која зрачи на територијата на Косово, а чии почетоци се во 1998 година. Од 2015 година е основач и сопственик на телевизијата 21 во Македонија.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Телевизиска програма и емитување

ТВ 21 Македонија

Радио програма и емитување

Радио 21 Косово

Семејство и пријатели

Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите

Еуген Сарачини поседува 20 % во Компани 21 ДОО Косово која е сопственик на телевизијата 21 во Македонија. Тој е долгогодишен новинар и основач на телевизијата. Денес е уредник на ТВ 21 во Приштина.
Флорин Келменди е роден во Косово. Со новинарство се занимава од 1979 година. Работел како како новинар, програмски менаџер и уредник на редакцијата на утринската и ноќната програма на Радио Приштина до јули 1990 година кога српските власти кои тогаш владееа на косовската територија насилно ја прекинаа програмата.
Келменди е ко-основач и еден од сопствениците на РТВ21. Во 1998/99 година бил главен уредник и директор на Радио 21 кое е почеток на телевизијата.
Фатмир Алиу работи како новинар во Приштина од 2004 година. Тој е познат косовски новинар кој работел за повеќе медиуми меѓу кои и меѓународните Радио Слободна Европа и БИРН. Уредник на телевизијата 21 во Скопје станува во 2015 година. Тој е зет на Афердита Келменди, оженет е со нејзината ќерка Патра Келменди

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на17.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union