Агнеш Адамик
Агнеш Адамик е унгарска државјанка, која во 2017 година во Скопје ја регистрира компанијата „Адинамик медиа“. Следната година оваа компанија го презеде мнозинскиот удел во издавачот на „Курир“, компанијата „Ем медиа“. За Агнеш Адамик има малку информации во македонската јавност. Познато е дека претходно била директор во првиот канал од државната медиумска групација на Унгарија, која по доаѓањето на власт на премиерот Виктор Орбан работи под контрола на неговата партија Фидес. Адамик, преку „Адинамик медиа“, поседува мнозински удели во уште две медиумски компании во Северна Македонија - „Прва република“ и „ЛД пресс“. Трите фирми во кои има мнозински удел контролираат седум онлајн-медиуми.
Бизнис
Медиуми
Прва Република (Македонија)
ЛД Пресс Медиа (Македонија)
Адинамик Медиа (Македонија)
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 11.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
