Aлександар Митовски
Митовски е дипломиран правник. Бил ангажиран како демонстратор на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Кариерата не ја почнува ниту како правник, ниту како новинар, туку со политички ангажман. Во 2011 станува дел од тогашната новоформирана опозициска партија Обединети за Македонија, на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Тоа е истата година кога и ја основа фирмата „ЦИА“ , која е основач на порталот „Инфомакс“.
Тој е главен уредник на порталот „Инфомакс“ и автор на емисиите „Тешки муабети“ кои се емитуваат на Јутјуб каналот на порталот и во нив гостуваат главно политичари од опозицијата.
Тој е гласен критичар на владејачката СДСМ и голем поддржувач на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ама не и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.
Mитовски е сопруг на политичката активистика и колумнистка Наталија Ивчева.
Митовски беше неправосилно условно осуден за оддавање службена тајна, поради објавата на сведочењето на бизнисменот Орце Камчев во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, наречена „Рекет“.
Семејство и пријатели
Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите
Сопруга на Александар Митовски и колумнистка во „Инфомакс“. Сопственичка на агенција за маркетинг „Трипл диџит продакш“.
Дополнителни информации
Наслови
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 01.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
