Андреја Јосифовски

Андреја Јосифовски

Андреја Јосифовски е познат македонски стопанственик од нафтениот сектор. Тој поседува најголем удел во Акционерското друштво „Макпетрол“, односно 2.000 акции што практично во удели изнесува 1,780%. Јосифовски е најголем поединечен акционер и во „Оилко“, фирма-ќерка на „Макпетрол“ (и акционер на „Макпетрол“). Тој таму поседува 14,98%.

Друштвото се занимава со дистрибуција на нафтени деривати има и најголем број бензински пумпи во Северна Македонија.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Радиодифузна дејност

Телма (Северна Македонија)

Нафтен бизнис

МАКПЕТРОЛ" АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ПРОМЕТ СО НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ (Северна Македонија)

Бизнис со гас

Друштво за трговија МАКПЕТРОЛ ПРОМ - ГАС ДООЕЛ Скопје (Северна Македонија)

Осигурување

Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје - Виена Иншуренс Груп (Северна Македонија)

Енергетски бизнис

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ГАС Скопје (Северна Македонија)

Семејство и пријатели

Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите

Марија Јосифовска Спасовска

Ќерка на најголемиот акционер во Макпетрол, Андреја Јосифовски од истото акционерско друштво. Поседува 120 акции со право на глас, што е 0,107% од вкупниот број на издадени акции од оваа компанија што котира на берзата. Воедно таа е член и на управниот одбор на друштвото. На социјалната мрежа ЛинкдИн Јосифовска Спасовска се претставува како директор за човечки ресурси и внатрешна контрола во Макптерол.

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 03.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union