Билјана Трошановска

Билјана Трошановска

Билјана Трошановска е сестра на основачот на Фокус, Никола Младенов. По загинувањето на Младенов во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје во 2013, таа заедно со сопругата на Младенов, Билјана Младенова и со тогашната главна уредничка Јадранка Костовска го продолжија издавањето на неделникот што по несреќата кусо престана да излегува.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Издавање весници

Друштво за новинско издавачка дејност МЕДИА ПЛУС ФОКУС ДООЕЛ Скопје

Семејство и пријатели

Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите

Никола Младенов

основач на неделникот Фокус и познат македонски новинар. Тој е брат на сегашната сопственичка и извршна директорка на Фокус, Билјана Трошановска. Македонскиот институт за медиуми ја именува годишната награда за најдобра истражувачка сторија во негова чест во награда „Никола Младенов“.

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

Документи

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union