Дарко Гелев

Дарко Гелев

Дарко Гелев познат по прекарот Брејк е сопственик на медиуми, бизнисмен и поранешен музичар. Покрај Метрополис радио, тој е целосен сопственик и на скопското Сити радио кое всушност неговиот прв медиум што го отвори уште во 2002 година како ривал на популарното Антена 5. Во јавноста и на професионалната социјална мрежа ЛинкдИн тој се претставува како сопственик и на Клуб радио, музичка станица ориентирана исклучиво кон клупската музика за танцување. Сепак, официјално сопственици на ова радио се други луѓе.

Од 2022 тој е и сопственик на фирмата Метропола недвижнини која се занимава со градежништво. Тој е и еден од сопствениците на фирмата за издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг) - МЗТ инвестмент груп.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Радио емитување

Сити радио (100%, http://www.cityradio.com.mk/)

Градежништво

Метропола недвижности

Недвижен имот

МЗТ Инвестмент Груп

Семејство и пријатели

Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите

Драгана Клопчевска

Сопругата на Дарко Гелев, поранешна Мис на Македонија. Таа е една од двајцата сопственици на центарот на Сити Хол во Скопје. Сити Хол е повеќенаменски објект со капацитет од 500 гости поделен во бар, лоби и студио.

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на18.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union