Емил Стојменов

Емил Стојменов

Емил Стојменов е македонски бизнисмен и син на Борислав Стојменов, основачот на телевизијата Канал 5. Тој е единствен сопственик на телевизијата, а е вклучен и во други семејни бизниси заедно со неговата мајка Надежда Стојменова и братот Марјан Стојменов, како во Финансискиот кредитен центар „БС“ и „Еуро МК“. Главниот бизнис на семејството се финансиски услуги и бизнис консалтинг. Емил Стојменов е и косопственик на туристичката агенција „Нет Бај“.

Неговиот глас се слушаше во разговорите во таканаречените опозициски бомби кои СДСМ како опозиција ги објавуваше во 2015 година за да го прикаже вистинското лице на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Во аудио снимките се слушаше како Стојменов разговара со тогашниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и тогашниот генерален секретар на владата Мартин Протогер. Во дел од разговорите Стојменов зборуваше за содржините во неговиот медиум или пак за финансиските интереси на неговите компании.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Радиодифузна дејност

КАНАЛ 5 (Македонија)

Финансиски услуги

ФД ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС ДОО Скопје (Македонија)

ЕУРО МК ДОО Скопје (Македонија)

Туризам

НЕТ-БАЈ ДОО Скопје (Македонија)

Семејство и пријатели

Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите

Борислав Стојменов

Роден е во 1940 година во село Вељуса, Струмица. Магистер е по сметководство и финансии и магистер по маркетинг. Тој е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Беше министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски од 1998 до 1999 година. По расколот во партијата кој следуваше по падот на власта тој ја основа ВМРО македонска која во 2012 се спои со ВМРО-ДПМНЕ. Основач и на повеќе фирми поврзани со финанисиски и консултантски услуги.

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 28.06.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union