Семејство Франгај - Александар Франгај и Алба Гина

Семејство Франгај - Александар Франгај и Алба Гина

Александар Франгај е поранешен новинар и медиумски претприемач од Албанија, кој во последните години го прошири својот бизнис во градежништвото и недвижностите. Тој е коосновач на дневниот весник „Коха Јоне“, првиот независен весник по падот на комунизмот во Албанија. Во 1997 година Франгај ја основа компанијата „Медиа 6“ со уште двајца бизнисмени, Жулиен Рош и Марсел Скендо. Тогаш Франгај поседува 50% од компанијата, додека неговите двајца партнери поседувале по 25%. „Медиа 6“ го издава неделникот „Клан“. Под ова име ја отвори телевизијата „Клан“. Во 2013 година, името на компанијата е сменето од „Медиа 6“ во ТВ Клан, а настанува промена и во сопственичката структура, а компанијата ја преземаат Франгај со 60% и неговата сопруга Алба Гина со 40%.

Со текот на годините, Франгај беше вклучен во основањето или преземањето на неколку други телевизиски канали во Албанија, Косово и Македонија, како што се Клан Косова, Еј-Би-Си Њуз и Клан Македонија. Франгај ги стартува и платформите Сателит+ во 2004 година и Суперспорт во 2006 година, преку акции во сопственост на неговата сопруга. Денес, неговата медиумска групација ја сочинуваат ТВ Клан, Клан Њуз, Клан Плус и Клан Македонија како и Радио Клан, додека неговата сопруга Гина поседува 8% од акциите во платформата Дигит-Алб во Албанија.

Франгај важи за секогаш близок до власта, независно од тоа која партија е на власт во моментот. Во 1996 година тој се кандидираше за пратеник, но не беше избран. Во јавноста често беше прозиван дека е најголем корисник на пари за емитување на владините рекламни кампањи во текот на 2008-2010 година, кога премиер беше Сали Бериша.

Во 2015 година тој беше во фокусот на јавноста дека под неразјаснети околности започнал да гради зграда во зелен појас во комплексот наречен „Лагуна Блу“ во близина на приморскиот град Драч. Тој ги отфрли сите обвинувања и продолжи да го проширува градежниот бизнис.

Во 2019 година, Франгај ја коосноваше „АС Констракшн“ заедно со „Балфин“ ДОО во сопственост на бизнисменот Самир Мане. Од март 2020 година, Франгај има 100% удел во компанијата. Во 2022 година, ја основа и компанијата „Иреа.ал“ со дејност со недвижнини.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Медиуми

ТВ Клан (Македонија)

Лотарија

PORTAT E FATIT (Албанија)

Видео платформа

САТЕЛИТ + Ш.А. (Албанија)
Видео платформа

https://www.digitalb.al/

ТВ продукција

Медиа 66 (Албанија)

Градежништво

AN.NIK

Семејство и пријатели

Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите

Алба Гина

Сопруга на Александар Франгај и акционер во бројни бизниси на семејството.

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на13.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union