Семејство Велија

Семејство Велија

Семејството Велија е познато бизнис-семејство во Македонија, кое ја поседува компанијата „ВеВе груп“ и телевизијата Алсат-М. „ВеВе груп“ е една од поголемите консултантски компании во земјата и нуди услуги во енергетиката, транспортот, животната средина и во други области.

Работи со државни институции и со големи компании од повеќе земји во регионот. Телевизијата Алсат-М е фирма-ќерка на „ВеВе груп“. Клучниот носител на бизнис-одлуките во семејството се смета дека е Ферик Велија, генералниот директор на „ВеВе груп“ и на трговското радио дифузно друштво Алсат-М.

Иако е управител и одговорно лице на двете семејни компании, тој има многу мал сопственички удел во нив, само 0,07 отсто од телевизијата Алсат-М.

Во „ВеВе груп“ е сопственик на 99,86% од Алсат-М, а сопствеништвото на компанијата го делат мајката на Ферик, Имихане Велија со 88% и неговата сопруга Зана Велија со 12%.

Зана Велија работи како проектен менаџер во „ВеВе груп“, додека Имихане Велија, освен што е присутна во сопственичката структура, не се појавува во јавноста и нема видлива улога во семејните бизниси.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Радиодифузна дејност

Алсат М (Македонија)
Консултантска дејност

ВеВе груп Балкан

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 28.06.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union