Фисник Татеши
Фисник Татеши е единствениот основач на струшкото Радио Јон, меѓутоа во моментов тој е малцински содружник во фирмата што стои зад медиумот со 37,5 проценти од сопственоста. Тој не е случаен лик во медиумскиот бизнис. Неговиот татко Мазар Татеши ја поседува локалната телевизија во Струга, ТВ Калтрина на која токму Фисник е управител.
Семејство и пријатели
Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите
Таткото на Фисник Татеши, поседува локална телевизија во Струга, ТВ Калтрина, каде Фисник е наведен како управител.
Братот на Фисник е сопственик на кабелскиот оператор Cable Call, кој нуди кабловска телевизија, интернет и фиксни услуги во градовите Кичево, Струга и Дебар. Преку Cable Call, Гузимтар Татеши е и партнер во прилепскиот мобилен оператор Green Mobile.
Дополнителни информации
Наслови
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.