Флорин Келменди
Флорин Келменди поседува 10 отсто во Компани 21 ДОО, фирма која е сопственик на ТВ 21 во Македонија.
Флорин Келменди е роден во Косово. Со новинарство се занимава од 1979 година. Работел како како новинар, програмски менаџер и уредник на редакцијата на утринската и ноќната програма на Радио Приштина до јули 1990 година кога српските власти кои тогаш владееа на косовската територија насилно ја прекинаа програмата.
Келменди е ко-основач и еден од сопствениците на РТВ21. Во 1998/99 година бил главен уредник и директор на Радио 21 кое е почеток на телевизијата.
Бизнис
Телевизиска програма и емитување
ТВ 21 Македонија
РТВ 21 Косово
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на17.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
