Горан Михајловски
Горан Михајловски е искусен новинар и уредник. Кариерата ја започнал во дневниот весник „Вечер“. Во „Вечер“ ги минал сите новинарски скалила, а задачата главен и одговорен уредник на весникот ја извршувал од 1998 до 2000 година. Потоа со група новинари го основал весникот Вест, чиј прв број излегол на 5 јули 2000 година. Автор е на колумната „Сакам да кажам“, која непрекинато излегува од 12 јануари 1991 година секоја сабота. Колумната е отпечатена во четири книги, и има добиено пет награди, меѓу кои и „Златна бубамара“ за најчитана колумна. По 15 години работа како главен уредник во Вест, Михајловски заминал поради одлука на издавачот да не му биде продолжен договорот.
Веднаш потоа, под мотото „платформа за слободоумни“, го основа порталот „Сакам да кажам“, чие име е преземено од неговата колумна. Со себе во порталот повлекува и дел од новинарката екипа на Вест.
Бизнис
Невладина организација
Здружение на граѓани „Сакам да кажам“
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 07.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
