Хирије Муслија

Хирије Муслија

Хиријe Муслија од 2013 година е сопственичка на сајтот на албански јазик Журнал. Таа е сопруга на Беџет Муслија, кој во 2009 година го основал сајтот. Основач е и овластено лице во невладината организација ОТИ ГРУП со која се пријавуваат во Државната изборна комисија за цените за рекламирање за изборите во 2020 година за порталот Журнал на македонски јазик.

Хирије се јавува како сопственик и на фирмата за информатичка технологија и компјутери - Анет нетворк. Преку неа Муслија во последниве седум години, откога е формирана компанијата, заклучно со август 2023 година, склучила договори со различни државни институции за изработка и одржување на веб страници во вредност од 4,053,029 денари или околу 75 000 долари.

Таа е управител и на продавницата за продажба на цигари БМ Цигар шоп, на која еден од тројцата сопственици е нејзиниот сопруг, Беџет Муслија кој е и уредник на порталот Журнал.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Онлајн медиум

Журнал (Македонија)

Информатичка технологија и компјутери

АНЕТ НЕТВОРК СОЛУТИОНС ДООЕЛ Скопје (Македонија)

Невладина организација

Здружение за транспарентно информирање ОТИ ГРУП Скопје (Македонија)

Трговија со производи од тутун во специјализирани продавници

Друштво за трговија и услуги БМ ЦИГАР-ТОБАКО ШОП ДОО Скопје Скопје (Македонија) (Косово) (Албанија)

Семејство и пријатели

Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите

Беџет Муслија

е сопруг на Хирије. Основач и уредник на сајтот Журнал и еден од сопствениците на специјализираните продавници за цигари БМ кои работат и во Косово и во Албанија.

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 16.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union