Јаков Павловиќ Латас

Јаков Павловиќ Латас

Јаков Павловиќ Латас е млад македонски бизнисмен што работи во областа на маркетингот и медиумите. За него има малку информации во јавноста и единствено е познат како син на новинарот Драган Павловиќ Латас, од кого ги презеде двете компании што ги раководи – Медианет и Максмедиа.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Маркетинг и медиуми

Максмедиа

Семејство и пријатели

Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите

Драган Павловиќ Латас

татко на директорот на Вечер мк, Јаков Павловиќ Латас. Тој е искусен и контроверзен македонски новинар , уредник на телевизијата Сител од 1997 до 2017 и на весникот Вечер од 2006 до 2012 година. Во јавноста е познат по остриот јазик и по контроверзните врски со политички елити, за чија поддршка ги користеше и медиумите што ги управуваше. Оваа негова улога особено дојде до израз за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Никола Груевски (2006-2017) кога телевизијата Сител и весникот Вечер остро се пресметуваа со политичките неистомисленици на власта. Латас e oсновач и сопственик е на повеќе компании за медиуми и маркетинг, како Медиамакс, Тотал Медиа Центар, Максмедија и Медианет. Дел од нив ги отстапи на својот син Јаков.

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 18.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union