Јирген Мајкснер
Четириесет и пет годишниот Австриец, Јирген Мајкснер има развиен телекомуникациски бизнис во неговата родна држава. Преку фирмата „ЈМ-Дата“ тој ја поседува компанијата „Аикол“, која пред 15 години беше најавувана како партнер на македонската „Телекабел“ во бизнисот со фиксна телефонија во државава.
„ЈМ-Дата“ е и посредно сопственик на Телевизија 24 преку компанијата „Цабле 24“. Сопругата на Јирген Мајкснер, Весна е менаџер за продажба за Балканот на „ЈМ-Дата“, таа потекнува од македонскиот град Штип.
Јирген Мајкснер е сопственик и на уште една, трета телекомуникациска фирма - „ЈАнетз“.
Бизнис
Телекомуникации
ЈМ-Дата
Цабле 24
ЈАнетз
Семејство и пријатели
Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите
Сопругата на Јирген Мајкснер е родум од македонскиот град Штип. Таа сега е вработена во неговата австриска фирма „ЈМ-Дата“ како менаџер за продажба за регионот на Балканот.
Сестрата на Роберт Димитров во 2018 година се обидела да ја преземе Телевизија 24 преку компанијата „Роби инженеринг“, која таа ја поседува, но АВМУ не дозволила преземање бидејќи на тој начин е овозможена концентрација на медиуми и кабелски оператори која е законски забранета. Компанијата „Роби инженеринг“ на Жанжанина Стојанова е сопственик на градежната компанија „Топ Инвест“ од Штип. Таа е дел и од одборот на директори на акционерското друштво „Елмар“.
Директорката на овој медиум го врзува Димитров и со Телевизија 24. Соња Стојанова, која освен што е официјален менаџер на телевизијата, е и малцински акционер во „Елмар“, каде што Роберт Димитров поседува најголем дел од акциите (89 отсто). Акционерското друштво „Елмар“ се занимава со лизинг и управување со сопствен недвижен имот, сметководство и поседува магацин во Штип.
Овој штипјанец е и во управниот одбор на акционерското друштво „Елмар“. Илиев е поранешен директор на „Телекабел“ и токму тој во 2008 година јавно ја објави соработката меѓу „Телекабел“ и Мајкснер, која требаше да ја му конкурира на монополот на пазарот на фиксна телефонија што го имаше „Македонски Телеком“.
За овој деловен потфат австриецот Мајкснер отвори подружница на неговата компанија „Аикол“ во Штип, која во 2010 година ја презеде „Телекабел“. Во февруари 2011 година, Илиев ја напушти директорската функција во „Телекабел“ и еден месец подоцна стана полномошник на австрискиот Мајкснер, кој тогаш беше во процес на купување на скопската Телевизија Плеј за од неа да ја создаде Телевизија 24.
Зоран Илиев е актуелен сопственик на штипското радио Ангели ФМ, додека претходниот сопственик на радиото повторно се поврзуваше со Роберт Димитров и Телекабел. Имено, во 2018 година, заинтересирано лице поднело претставка до АВМУ за незаконска медиумска концентрација, со образложение дека сопственик на Ангели ФМ е невенчаниот партнер на сестрата на Димитров, Жанжанина Стојанова. Во меѓувреме Зоран Илиев го презеде радиото со кое Агенцијата одлучи дека нема нелегална медиумска концентрација.
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 03.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
