Марјан Гушев
Марјан Гушев е еден од основачите на Антена 5 и на интернет-страницата на радиото е наведен како менаџер. Тој е исто така професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Гушев е вклучен во повеќе приватни бизниси. Сопственик и управител е на софтверската компанија Иновејшн и сопственик на Иновејшн Академи. Како сосопственик заедно со други партнери се јавува во компанијата за телемониторинг медицина Мединтелиџенс и во компанијата Агри Инфонет, која своевремено управувала со сајт што објавува земјоделски вести, но тој веќе не функционира.
Бизнис
Информатички техннологии
Иновејшн дооел
Иновејшн Академи
Интернет портали
Агри Инфонет
Медицина
Мединтелиџенс
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на18.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
