Минчо Јорданов
Минчо Јорданов поседува или контролира многу бизниси во металната индустрија, градежништвото, здравството, производството на храна и вино, итн. Покрај тоа што е сопственик на весникот „Нова Македонија“, неговата офшор компанија Репро Оне Лимитед е мнозински акционер во економско-деловниот неделник „Капитал“. Дополнително, компанијата под свој чадор го има и холдингот „Перминдекс“, кој покрај винарската визба „Стоби“, обединува компанија за производство на млеко и центар за пакување свежо овошје и зеленчук.
Брачната двојка Минчо и Елица Јорданови имаат заедничката компанија регистрирана во Виена - „Макмедикон Консалтинг ГмбХ“. Преку таа компанија се сопственици на приватната болница Ремедика. Во некои од бизнисите се вклучени и нивните ќерки Ана и Наташа.
Преку неговата градежна компанија „Бетон“ од Скопје ги доби договорите со најголеми суми за изградба на проектот „Скопје 2014“ со кој се смени ликот на центарот на македонската метропола. Поради потешкотии во работењето и неможност да се платат одредени побарувања, компанијата пред една година отиде во стечај.
Јорданов има и политичка кариера. Тој беше вицепремиер за економија во Владата од 2004 до 2006 година, по што беше коосновач на политичка партија.
Бизнис
Издавање весници
Репро Принт ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Медиуми
Капитал медиа груп
Нова принт
Друштво за филмска продукција и дистрибуција
Луминари Медиа ДОО Скопје
Винарија
Винарија Стоби
Млечна индустрија
Мандра Галичник ДООЕЛ Градско
Трговија со овошје и зеленчук
Јарден ДООЕЛ Градско
Холдинг
Перминдекс ДООЕЛ Градско
Здравство
Болница Ремедика
Офталмолошка ординација ПЗУ Офторе Скопје
Ординација Прима мед
Консултантски услуги
Макмедикон консалтинг
Трговија
Репро 21
Сметководство
Репро траст ДООЕЛ Скопје
Металургија
АД Факом Скопје
Собирање отпад
Петреп ДООМЕ Штип
Ракометен клуб
Женски ракометен клуб Металург Скопје
Семејство и пријатели
Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите
Ќерка на Јорданов. Косопственичка на Луминари Медиа и во сопственичката структура на винаријата Стоби.
Ќерка на Јорданов, ко-сопственичка на приватната болница Ремедика и ординацијата Прима-мед, член на управниот одбор на АД Факом.
Сопруга на Јорданов. Ко-соптвеник во Ремедика, сопственик во Декоре ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Зет на Јорданов, член на Надзорниот одбор на АД Факом, сопственик на Мерген ДООЕЛ и Мордијан Груп ДОО.
Соработник на Јорданов и генерален директор на холдингот Перминдекс.
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
