Собрание на Република Северна Македонија

Собрание на Република Северна Македонија

Собранието на Република Северна Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт. Го сочинуваат 120 пратеници кои се избираат на непосредни избори.

Мандатот на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани.

Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Северна Македонија и со Деловникот на Собранието.

Во овој формат, МРТВ како компанија постои од 1993 година. Со оглед на тоа што основач на националниот радиодифузер е Собранието, тоа има важна улога во изборот на неговото раководство. Односно, Парламентот (Собранието) ги бира членовите на Програмскиот совет како раководно тело на МРТ, поради што постои потенцијално влијание на владејачките партии врз нивното назначување. Ова влијание може да се види и во изборот на генералниот директор и неговиот заменик, кои ги назначува Програмскиот совет.

МРТ пред Собранието еднаш годишно доставува извештај за работењето на медиумот.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Дополнителни информации

Активна транспарентност

компанијата/каналот проактивно и целосно информира за сопственоста, податоците редовно се ажурираат и лесно се проверливи

4 ♥

Мета податоци

Финансиите на првиот програмски сервис на Македонската телевизија не може да се издвојат посебно во рамките на целиот ентитет МРТВ, бидејќи податоците се достапни само за компанијата во целина, но не и за поедничените сервиси кои функционираат во нејзините рамки.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union