Питер Шац

Питер Шац

Питер Шац e унгарски бизнисмен познат по формирањето на унгарскиот портал Рипост чија што уредувачка политика ја фаворизира владејачката партија Фидес која се смета за блиска до македонската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој исто така беше активен во медиумскиот бизнис во Словенија преку ТВ Нова 24 и Демокрација но ги продаде уделите во 2022 година. Тие медиуми ја поддржуваа политиката на партијата СДС која исто така има слична идеологија на како Фидес. Шац работеше како комерцијален директор на радиото Данибус во 1990 година, а подоцна и на унгарскиот јавен сервис.

Станува доминантен сопственик на телевизијата Алфа во 2017 година. Сопственик е на фирмата „Таргет медиа“, која има 99 отсто удел во компанијата „ЦХС Инвест“. Таа, пак, има 57 отсто акции во фирмата „Алфа скоп“, која е директен сопственик на трговското радиодифузно друштво Алфа.

Мотивите за влезот на Питер Шац во македонскиот медиумски бизнис остануваат непознати. Во 2020 година беше обвинет за даночна евазија. Тој не е присутен во македонската јавност и за него нема многу информации.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Маркетинг и медиуми

R-Post-R (Словенија)

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 28.06.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union