Рами Мислими
Рами Мислими е новинар и сопственик на порталот ТетоваСот. Од 2012 до 2022 година работи во општина Тетово, по што дава отказ и формално го презема сопствеништвото на компанијата која го издава ТетоваСот. Неговото заминувањето од општината се поклопи со доаѓањето на новиот градоначалник Биљал Касами од партијата Беса, откако претходно најмногу од градоначалниците беа од партијата ДУИ. Рами Мислими не ја крие наклонетоста кон владејачката партија од Мала Речица. Тој на својот фејсбук-профил објавува фотографии со Али Ахмети и со министри на ДУИ, но и исева политичари, како Арбен Таравари, генсекот на опозициската Алијанса за Албанците. Тој е ко-основач на Здружението Про-Визиони Тетово, заедно со својот брат Тефик. Актуелниот вицепремиер Артан Грубо во 2018 година кога беше пратеник од ДУИ, го предложи Мислими за член на комисијата што ја доделува државната награда за новинарство и публицистика – Мито Хаџи Василев Јасмин. Како што тогаш пишуваше порталот Порталб, тој бил избран со еден глас, а Министерството за култура кое ги предлага членовите за оваа награда, се правдало дека не може да влијае на конечниот избор.
Бизнис
Интернет портали
Друштво за трговија и услуги ТС ГРОУП ДООЕЛ, Тетово (Македонија)
Невладина организација
Здружение за култура,образование,медиа и уметност Про-Визиони Тетово (Македонија)
Семејство и пријатели
Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите
брат на Рами, поранешен сопственик и директор на ТС Гроуп, ко-основач на Здружението Про-Визиони Тетово
брат на Рами, поранешен сопственик и директор на ТС Гроуп, ко-основач на Здружението за мултимедиа и уметност Албазоне Медиа.
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 29.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
