Саше Стојановски

Саше Стојановски

Саше Стојановски е бизнисмен и поранешен уредник на „Курир“. Тој е на челото на порталот „Курир“ од почетоците додека не стана негов сопственик во 2015 година, кога ја купува компанијата „Ем медиа“ од поранешниот сопственик Ацо Мисајловски, на денот кога неговиот брат Владо Мисајловски е назначен за министер за транспорт и врски. Една година претходно, во 2014, тој ја купува телевизија „Канал 1“ од Велес, која веќе не работи. Стојановски до 2017 година беше целосен сопственик на издавачот на порталот „Курир“ и на други портали. Тогаш го продава мнозинскиот удел на фирмата со унгарски капитал „Адинамик медиа“ и останува малцински сопственик.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Медиуми

Ем Медиа (Македонија)

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 15.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union