Таџудин Шабани

Таџудин Шабани

Таџудин Шабани е стопроцентен сопственик на две телевизии, ТВ Шења која емитува програма на албански, турски и на македонски јазик и регионалната ТВ Ера, која емитува програма на албански и на труски јазик.

Шабани се споменува како коосновач на Фондацијата „Центар за исламска цивилизација“, која се залага за промоција на исламската култура во земјава. Тој е активен во невладината „Визиони М“, преу која бил присутен на средба во Турција со потпретседателот на Партијата за правда и развој (АПК), чиј претседател е Реџеп Таип Еродган. „Визиони М“, се наоѓа на иста адреса како и Фондацијата за култура и образование „Култ Визиони“. „Визиони М“, пак, го издава месечникот на албански јазик Шења.

Медиумски компании/Групи
Медиуми
Факти

Бизнис

Радиодифузија

ТРД Ера

Издаваштво

Визиони М (Месечник Шења)

Култура и едукација

Култ Визони

Дополнителни информации

Мета податоци

Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на17.07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.

  • Project by
    BIRN LOGO
  •  
    Global Media Registry
  •  
    Funded by European Union