Владимир Гаљак
Владимир Гаљак е српски адвокат, кој е познат во јавноста со своите ставови, спротивни на владејачката партија во Србија, на претседателот Александар Вучиќ. Со свои колеги адвокати е поддржувач на протестите во Србија против насилството, а беше и меѓу 15 белградски адвокати кои во 2015 година, до Српското собрание поднесоа иницијатива за повлекување законот за изградба на проектот Белград на вода.
Бизнис
Издавање весници
Слободен печат ДОО Скопје (Македонија)
Адвокатура
Адвокатска канцеларија Гаљак (Србија)
Семејство и пријатели
Поврзани интереси на членовите на семејството и пријателите
долгогодишен пријател и соработник на Владимир Гаљак, кој му го продава својот удел во Слободен печат во 2020 година. Како што тогаш објави медиумот, ова се случило бидејќи договорот за продажба на медиумските компании во Србија и во Хрватска му забранува на Родиќ да се занимава со медиумска работа во Југоисточна Европа. Родиќ претходно беше сопственик на Адриа медиа груп, најголемата медиумска групација на Балканот.
Дополнителни информации
Наслови
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 25. 07.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
