ТРД Канал 5
Трговското радиодифузно друштво „Канал 5“ ДООЕЛ е компанија регистрирана во 1998 година за вршење радиодифузна дејност. На почетокот беше подружница на Графичкото претпријатие „Печатница БС“, но подоцна стана независна компанија. Во секој случај, контролата на компанијата постојано ја има семејството Стојменови, прво основачот Борислав Стојменов, а денес неговиот повозрасен син Емил Стојменов.
Денес ТРД „Канал 5“ е во целосна сопственост на Емил Стојменов и не е директно поврзана со другите компании на семејството Стојменови, кое работи во областа на финансиските услуги и на бизнис-консалтингот.
Бизнис форма
Приватна
Правна форма
Друштво со ограничена одговорност во сопственост на едно лице
Бизнис сектори
Телевизиска програма и емитување
Индивидуален сопственик
Други онлајн медиуми
https://kanal5.com.mk/
Бизнис
Бизнис
Општи податоци
Година на основање
1998
Поврзани интереси на основачот
Основачот на телевизијата Борислав Стојменов, е роден на 4.4.1940 година во село Вељуса, Струмица. Магистер е по сметководство и финансии и магистер по маркетинг. Тој е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Беше министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски од 1998 до 1999 година. По расколот во партијата кој следуваше по падот на власта тој ја основа ВМРО македонска која во 2012 се спои со ВМРО-ДПМНЕ. Основач и на повеќе фирми поврзани со финанисиски и консултантски услуги.
Вработени
140
Контакт
Даночен / матичен број
5220793
Финансиски информации
Приходи ( Финансиски податоци/опционално)
4.13 Mln $ /242.09 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
3.014 $ /176.629 МКД
Рекламирање (во % од вкупното финансирање)
3.89 Mln $ /227.8 мил. МКД (94%)
Дополнителни информации
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на28.06.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
