ЦИА
Друштво за истражување, анализа и маркетинг „ЦИА“ од Скопје, како компанија е формирана во 2011 година како агенција за маркетинг. За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016, „ЦИА“ спроведуваше анкети во кои владејачката партија имаше голема предност пред опозициската СДСМ.
Медиумот што го поседува „Инфомакс“ беше близок на тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Бизнис форма
Приватна
Правна форма
Друштво со ограничена одговорност на едно лице
Бизнис сектори
Онлајн издаваштво и маркетинг
Индивидуален сопственик
Општи податоци
Година на основање
2011
Поврзани интереси на основачот
Митовски е дипломиран правник.. Кариерата не ја почнува ниту како правник, ниту како новинар, туку со политички ангажман. Во 2011 станува дел од тогашната новоформирана опозициска партија „Обединети за Македонија“, на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Тоа е истата година кога и ја основа фирмата ЦИА ДООЕЛ, која е основач на порталот „Инфомакс“.
Тој е главен уредник на порталот Инфомакс и автор на емисиите „Тешки муабети“ кои се емитуваат на Јутјуб каналот на порталот и во нив гостуваат главно политичари од опозицијата.
Тој е гласен критичар на СДСМ и голем поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, ама не и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.
Митовски е сопруг на политичката активистика и колумнистка Наталија Ивчева.
Митовски беше неправосилно условно осуден за оддавање службена тајна, поради објавата на сведочењето на бизнисменот Орце Камчев во истрагата на корупција, наречена „Рекет“.
Контакт
Адреса: Ул. „Мајски Манифест“ бр.8 , 1000 Скопје
E-mail : centarzaistrazuvanjeianaliza@gmail.com
web: infomax.mk
Даночен / матичен број
6666124
Финансиски информации
Приходи ( Финансиски податоци/опционално)
95.905 $ /5.62 мил. МКД
Оперативен профит (во мил. $)
36.348 $ / 2.13 мил. МКД
Рекламирање (во % од вкупното финансирање)
Нема податоци
Дополнителни информации
Наслови
Мета податоци
Сопственичката структура и финансиските извештаи се базираат на податоците од македонскиот Централен регистар. Документите се добиени врз основа на владината одлука од 2017 година за бесплатен пристап за истражувачки новинари на 01.08.2023. Финансиските информации се за 2022 година. За пресметка на сумите во американски долари e користен средниот девизен курс за 2022 година од Народната банка на РСМ.
